Monday, 23 October 2017

Подунал е ветер горјанино, долета ми Змејко од небето

Мома амајлија
алтан белегзија
низ гора пејала
Сл`нце си сакала

Заптисал е голем јунак
девет друми три клисури
грабил јунак лична мома
да ја има за невеста

Слобода…

Гора без ветрови
Сл`нце без светлина
прстен над прстена
мома не сакала

Запеала таа мома
запеала провикнала
по змејко е заплакала
да ја спаси сардисана

Подунал е ветер горјанино
долета ми змејко од небето
Лична мома змеј љубила
Змеј Горјанин ми засакала

Подунал е тии ветер
па си дигна таа мома
извиши ја в сино небо
над небето и Сл`нцето

Сл`нцето…
Подунал е ветер горјанино
Долета ми змејко од небето

Македонска музика – Баклава

читај – Змејската љубов во македонскиот фолклор

Змејско јајце