Брегалничка епархија – Светиниколски парохии

Црква “Свети Николај” – Свети Николе (стара црква). Изградена е 1847 година, од кој период се и иконите. Автор е Ѓорѓи Зографски и непознати автори. Податоци од кој архиереј е осветена нема.

Свети Никола детал

Црква “Свети Никола” – Свети Николе (нова). Новата црква е надградба на старата. Темелите се осветени на 25. 10. 1983 година од Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј. Осветена е на 14. 10. 1990 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите на иконостасот и фрескоживописот во олтарскиот дел се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид.

Црква Свети Никола, Свети Николе
Гробјанска црква “Свети Архиѓакон Стефан”. Изградена е 1910 година. Иконите во најголем дел се од Ѓорѓи Зографски и непознат автор од 1929 година. Од кој архиереј е осветена нема податоци. Во 2006 година црквата е реновирана и е дограден нартекс.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Немњици. Изградена е во 1848 година, од кој период се и иконите од зограф Атанасие од Крушево. Податоци од кого е осветена нема.

Црква “Свети великомаченик Ѓорѓи” – Ранченци. Изградена е во 19 век, од кој период се и иконите од непознат автор. Со податоци од кој архиереј е осветена не располагаме.

Манастир “Света Недела” – Ранченци. Изграден околу 1930 година. Иконите се од 20 век (1927) од Зографски и непознати автори. Со други податоци не располагаме.

Црква “Свети Никола” – Кнежје. Изградена е во 19 век, од кој период се и иконите, од непознат автор. Со податоци од кого е осветена не располагаме.

Црква “Свети Ѓорѓи” – Ѓозлемелци, 1584, зографисана и реставрирана. За иконите и фрескоживописот немаме податоци. Црквата е ктиторство на локален великодостојник Кир Пројча.

Манастир “Св. Пророк Илија” Старо Село – Немањици. Нема податоци кога е изграден. Срушен е во време на турското владеење, а денес постои само олтарската апсида.

Црква “Св. Ѓорѓи” – Амзабегово. Изградена е 1982 година и истата година е осветена од Епаскопот Тивериополски и администратор Злетовско-струмички г. Горазд.

Црква “Вознесение Христово” (во изградба) – Горобинци. Камен темелникот е поставен на 27. 11. 1997 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Иконите и фрескоживописот во олтарскиот дел и куполата се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид и оваа јубилејна година треба да биде осветена.

Црква “Свети Никола” – Сопот, 1878 година. Иконите и фрескоживописот во куполата се од 19 век и се дело на непознати автори (мајстори од кратовска тајфа) и Петре.

Црква “Вознесение Христово” – Крушица, 15 или 16 век. Црквата е фрескоживописана. Иконите се од 19 век, а од кого е светена и од кого се иконите и фрескоживописот нема податоци.

Црква “Свети вмч. Димитриј” – Преод. Кога е изградена и од кого е осветена нема податоци. Иконописот и иконите се изработени 1871, од Хаџи Коста во најголем дел и непознати мајстори, најверојатно од мајстори од кратовска тајфа.

Црква “Вознесение Христово” – Малино. Се претпоставува дека е изградена во време на турското владеење, а од кого е осветена нема податоци, иконите се од 19 век од непознат иконописец.

Манастир “Света Богородица” – Ѓуриште. На местото од сегашната манастирска црква, постоела друга, која од страна на Турците, во 16 век била срушена. Сегашната манастирска црква, во помали димензии и без купола е возобновена 1920-1930 година. Иконите на иконостасот се од 19 век, а не е познато од кој зограф се. Со други податоци не располагаме.

Црква “Воздвижение на Светиот Крст Господов” – Кадрифаково (во изградба). Камен темелникот е поставен на 27. 09. 2002 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Свети Прохор Пчински” – Пеширово. Камен темелникот е поставен на 18. 11. 2001 година од Митрополитот Брегалнички г. Агатангел.

Црква “Свети апостоли Петар и Павле” – Ерџелија. Камен темелникот е поставен на 11. 11. 2006 година од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Црква “Успение на Пресвета Богородица” – Сарамзалино. Камен темелникот е поставен на 14. 01. 2007 година од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Црква “Свети Никола” – Бориловци. Една од најстарите сочувани цркви во овчеполието. Потекнува од 9 век, а фрескоживописот е од 14 век. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Никола” – Д. Ѓуѓанци. Црквата е изградена во 19 век на стари темели од 16 или 17 век. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век, се претпоставува дека се дело на Коста зограф и други непознати мајстори.

Црква “Свети Ѓорѓи” – Орел. Изградена е во 19 век, а кога и од кој е осветена не е познато. Се претпоставува дека иконите се дело на кратовски зограф. Нема фрескоживопис.

Црква “Свети Димитриј” – Стануловци. Се претпоставува дека е изградена во 15 век, иконите се од 19 век од Х. Коста и непознат автор. Црквата во 2003 година е опожарена и од вредностите ништо не е останато.

Црква “Вознесение Христово” – Строиманци. Црквата е во руинирана состојба и не е познато од кој период е и кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Николај” – Мечкуевци. Изградена е 1846 година. Иконите се од 19 век, а се претпоставува дека се од непозната кратовска тајфа. Не е познато од кој архиереј и кога е осветена.

Манастир “Света Петка” – Мечкуевци. Сегашната црква е изградена во 1925 година до темели на оддалеченост до 10 метри од стара црква, изградена 1570 година, која била срушена за време на турското владеење. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

Црква “Свети Јован Богослов” – Богословец. Изградена е во 1825 година од непознати мајстори, од кој период се и иконите, во најголем дел од Андон од Папрадиште, Ангелко од Папрадиште, Хаџи Коста, Јован Прилепчанин и непознати. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

извор – МПЦ / Брегалничка епархија

Leave a Reply