Дедо Зафир: Слнце ќе беснее, све ќе горе, две слнца ќе се јават

Читателите на ЛОЗА веќе се запознати со пророштвата на дедо Зафир од Шопско Рударе. Начинот на кој што говорел овој старец, опишал многу нешта кои на еден или друг начин, се случиле. Стевче Доневски од Кратово ги собира не само преданијата и историските податоци за овој регион, туку и “пророштвата” на старците кои живееле или уште живеат таму. Освен дедо Зафир, зачувани се разговори и со дедо Коле, дедо Кузе, дедо Прокопие, Гаврил Светогорец, и други. По дел од пророштвата на дедо Зафир и останатите старци од овој регион, во целост ви пренесуваме досега необјавени муабети од дедо Зафир, онака како што се запишани од Стевче Доневски.

study of a old man

Од небо ќе падне тој што ќе падне, вода ќе врие, многу малку ќе остане народ и како свитки ке пливат по вода. Тие шо ќе преживеат ќе бидат побожни луѓе и ќе живеат по доловите дека ќе има вода.

Небо ќе биде чисто, бела жица ќе пројде, стрели ќе идат надоле ама и стрели нагоре ќе идат.

Железни трнови по ридиштата ќе никнат, многу опасни.

Народ гологлав ќе оде, и мушко и женско со бледи лица.

Срам ќе исчезне, муж сас муж, жена сас жена ќе идат, у млади нема да има приплод, народ у кучиња, мачки, змии ќе се заљубува.

Слнце ќе беснее, све ќе горе, две слнца ќе се јават.

Бел народ ќе се населе по наши краишта, на цркви и манастири врати ќе отварат.

Наш град ќе пропадне, толку слзи народ ќе исплака за народ и за градо, како една река од вода голема за да настрада Солун.

Брат сас брата ќе се кара за тамарл’ци.

Народ ќе врве по наше поле, т’j не е православан народ.

Градиште е шупло како сирење, парите са до пут, не може народ да ги најде, а има толку пари да Куманово ништо не работе три години.

Црн плод црна болест ќе излече.

Бак’р за лек ќе се траже.

Овци, кози, волови на прсти да ги броеш у наше поле, гладно поле.

Од куќите гредите ќе се изгорат, брашно у торба ќе се продава.

За млад свет д’но ќе бид ноќ, ноќта ќе биде д’н, пара со фенер ќе се траже.

Фенер у куќа ќе бл’ска, за свеќа ќе треба да работеш ед’н д’н.

Кој има секира ќе цепе дрва, кој има копач ќе копа.

Народ ќе се поделе, едни за Слнце, едни за ѕвезди, едни за месечина, ќе се сретнат и намќорски нема да си викат ни добар ден, а у клупа заедно седеле, по свадби играле, задоени од една мајка.

Зублеста жена модроока ќе коле и ќе бесе по наш крај, милост нема да има.

Со години ќе има немиран с’н, она знае за што, кд ќе отиде да се исповеда ќе каже – ниа со години те чекамо, после исповед очите ќе и са крвави, крвави слзи ќе течат како мајска роса.

Човечко месо не се јаде, а посебно на побожно дете.

Човек човека ќе јаде.

(продолжува)

Читајте –

Пророштвата на дедо Зафир

Пророштвата на старците од Кратовско

Легенди и преданија од Кратовско

Древното Кратово во новото време (интервју со Стевче Доневски)

Leave a Reply