Најстари македонски композитори

Атанас Бадев (1860-1908) е најстариот македонски композитор со официјално музичко образование.

Бил ученик на русите композитори Милиј Алексеевич Балакирјев и Николај Андреевич Римски – Корсаков, а студирал во Москва, Софија, Солун и Петроград.

Бадев е автор на првата македонска литургија: во 1898та година ја напишува Златоустовата литургија за мешан хор; делото е објавено во Лајпциг.

Најстар музички уметник од македонско потекло е Јован Кукузел. Овој композитор и музички теоретичар потекнува од Дебарско (село Џерменци) и живеел веројатно во 14 век, иако некои автори ги наведуваат 11 или 15 век.

Тој е главен реформатор на православното пеење и на нотацијата. Главни дела: Придворна херувимска песна, С’ више пророци, Аниксантори и Причастно.

Македонска книга на рекорди, Детска Радост библиотека Видра 1992

види: Музика во Прилеп, 19 век

1 Comment

Leave a Reply