Thursday, 17 August 2017

Неидентификуваниот летечки објект на Друштвото со неограничена одговорност

ДНО Е НЛО се спушта над МКЦ

дно е нло

На 12 февруари ќе се случи инвазија на МКЦ. Музичка инвазија, во која ДНО Е НЛО ќе прогласи своја слободна музичка територија.

Киднапирања на Земјани нема да има. Ќе биде киднапиран само вашиот допир со реалноста, која тие неколку часа нема да ви биде потребна. Затоа што ќе слушате музика од друга димензија.

Повод: 18-от роденден и годишнина на ДНО. И потребата за разбивање на сивилото со концерт журка. Ама и групно посакување среќен пат и убав живот далеку од МК на двајца од оние кои ќе се качат на сцена.

Соучесници на ДНО Е НЛО во инвазијата: НОКАУТ и ЛАСТ ЕКСПЕДИШН

Локација: Денсинг сала, МКЦ
Почеток: 21 часот.
Крај: Кога секој еден присутен во салата ќе се почувствува вонземски.

Билети во претпродажба: 300 денари во билетара на МКЦ и во продажната мрежа на Мк Тикетс, на врата 350 денари.

Евент на FB – Концерт на НЛО е ДНО (клик)