Monday, 21 August 2017

Списание ЛОЗА (1892 – 1894)

Се додека не се проучи детално периодичниот печат и архивите од 90тите години на 19от век, не ќе можеме во целост и со нужната историска справедливост да ја проследиме историјата на Младата македонска книжовна дружина во Софија и на нејзиниот печатен орган – списанието ЛОЗА. Па сепак, ќе се обидеме да набележиме барем некои од позначајните моменти од оваа досега откриена историја што претставува меѓник помеѓу две важни епохи во македонската национална и културна историја. Притоа и овде ќе се послужиме со термините Лозарство и Лозари, што се веќе вообичаени за означување на ова важно движење сред македонската интелигенција.

Млада Македонска Книжовна Дружина - списание ЛОЗА 1892г.

Лозарството бездруго не е ни прво, ни најзначајно пробивање на македонската национална мисла во јавноста во 19от век, затоа што она што се случи во 1891-1892 во Софија беше израз и одраз на она што се развиваше долго време пред тоа во Македонија и сред емиграцијата во разни делови на Европа и пред се, на Балканот. Тоа беше всушност еден континуиран процес што забрзано се развиваше од 50тите години на 19от век, минувајќи притоа низ најразлични форми и постигнувајќи различни резултати.

ЛОЗАРИТЕ