Wednesday, 19 October 5385

Орбело

Огнот растопи многу човечки лица. Ги разлеа системите, но не успеа да го изгори најголемото зло. Негирањето на идентитетот го чини минатото подеднакво неизвесно како иднината. Неспокој што еднакво го бразди лицето на човекот. Само луѓето кои припаѓаат на една иста култура можат едни од други на лицето да си го прочитаат длабокиот неспокој и мачнината на животот.

Oрбело1-316x490

Велат дека за секое нешто или појава во светот постои научно објаснување. Сите човечки доблести – љубовта, мудроста, трпеливоста, па дури и жртвата на човекот можат да се објаснат со неговиот ген и воспитувањето. Некои приврзаници на ваквото учење, дури, велат дека можат да ја објаснат просветленоста на одредени луѓе, и тоа како надминување на нарцисоидноста и победата на стравот од смртта. Можеби е така. Јас пак, не верувам во скриени својства на длабочините на човековата природа. Доблесноста на човека му е дар од Бога исто како и животот.

Човештвото може да ги имитира доблесните културни форми за однесување по инерција на вековите, но ако немаат извор длабоко во човекот, ќе исчезнат во времето. Не е доволно да се победи стравот од смртта. Треба да се победи самата смрт. Ако немаш страв божји, нема да имаш мудрост, а без неа не можеш да се откажеш од страста, славата и парољубието, што е првиот чекор на оставањето на себе и одењето кон вистинско просветлување и кон обожувањето. Кога демонот ќе престане да те измачува од внатре, ќе добие умосрдечна молитва – тој ќе биде просветлен.

Понекогаш работите ги дознавам на сосема случаен начин. Како претскажување, како знак на она што ќе се случи. Можеби е интуиција, меѓутоа јас верувам во тоа дека Бог ги сака луѓето кои се храбри и им помага во нивната работа…

ОРБЕЛО