Monday, 20 November 2017

Нашиот спас е револуцијата

Јас, а и другарите од МТРК – (Македонски таен револуционерен комитет) не сме против востание, како што тоа го мислат луѓето од внатрешноста. Ние сме за востание, но кога ќе бидеме убедени дека тоа ќе успее, а не само да го изложуваме целиот наш народ на една кланица. Ние сакаме да ги жртвуваме своите сопствени, а не народни животи за создавање на услови за едно широко востание и ослободување на нашиот народ.

Ние сакаме повремено да предизвикуваме судир со турските башибозуци и со нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на „човекољубивата” Европа и да ја придобиеме во едно наше востание ако не помага, барем да не биде против нас.
И така, македонското прашање ќе може најдобро и најскоро да се реши само ако ние напредните Македонци се кренеме и постојано предизвикуваме безредија. Впрочем, нашиот спас е во револуцијата!

Писмо од Манџуков до Кирков

Забавен оркестар - 1925 година
Аксиј и Пајонците во Илијадата и Одисејата
Македонките Марта и Марија
Стравот од петок 13ти
Охрид - Недела на национална култура (1950та година)
Софија како македонска воена зона
Не се ниту влијателни, моќни, убави и умни за сами да можат да повлечат толкав број на гласови (инте...
Новомакедонските старобогаташи и старомакедонските новобогаташи
Ќе гледаме како нè продаваат и предаваат или ќе ја ослободиме Македонија?
Светата Македонска земја и злобната политика