Monday, 20 November 2017

Мрачните тајни на најбогатото семејство во историјата

Семејството Ротшилд е најбогато семејство на сите времиња. Имале ненормално количество пари, моќ низ светот и биле во центарот на најзначајните моменти во последниот век. Семејството Ротшилд отсекогаш било таинствено, за него не можело да се знае баш се’, а и нивното влијание ослабнало и немаат веќе толку колку што имале во мигот кога биле најбогато во својата семејна историја. Сепак, многумина се’ уште веруваат дека тие се припадници на новиот светски поредок, дека не’ користат како марионети и летаат со црни хеликоптери над нашите куќи. Единствениот факт кој повеќето луѓе го знаат за ова семејство е дека се богати. Меѓутоа, постојат некои интересни факти за ова семејство. Тие вклучуваат се: од тајни друштва, војни, инцест и се’ друго што може да се очекува од едно богато, по малку дисфункционално семејство.

ротшилд
Долга линиjа на инцести

Кога семејството има повеќе пари отколку што луѓето мислат дека имаат, семејството сака да ги задржи тие пари, а еден од начините како да го направи тоа е со меѓусебни бракови. Ротшилдови на тој начин спречиле во семејството да влезат други луѓе и така да почнат да полагаат право на нивните пари. За многумина тоа е неприфатливо, но за нив тоа била добра финансиска стратегија. Целото инцестно движење го предводел основачот на династијата Мајер Амшел Ротшилд. Тој ја поставил целата лоза, така што женските членови на семејството Ротшилд биле многу ограничени со можноста за склучување брак, кога е во прашање добивање на наследство. Единствениот начин да ги добијат своите пари било да ги омажат за нивните роднини.

11

Некои биле многу гладни за моќ

Многумина од членовите на семејството сакале да имаат власт во својата земја и сметале дека се над законите и законодавците. Амшел Ротшилд наводно еднаш рекол: „Дајте ми ја контролата над економијата на земјата и баш ми е гајле кој и’ ги прави законите“. Тоа, во суштина, се сведува на тоа дека тие верувале дека можат да поставуваат сопствени правила се’ додека имаат доволно пари.

21

Тие ја диктирале цената на златото

Некои тврдат дека и денешната цена на златото ја одредува семејството Ротшилд. Во 2004 година, Нејтан Мајер Ротшилд и синовите се повлекле од бизнисот со злато и други вредни метали и им го препуштиле своето место на семејството Баркли. Семејството Ротшилд имало главен збор за цената на златото уште од 1919 година, кога петмина водечки трговци во индустријата се состанувале два пати дневно за да ја наместат цената. Тоа на Ротшилдови и нивните колеги им ја дало моќта над луѓето кои се држеле до златото како највреден имот, а многумина тоа го прават и ден-денес. Во тој долг период од 1919 година до 2004 година, состаноците се одржувале секој ден во канцелариите на Нејтан Мајер Ротшилд. Имало повеќе сомневања за корупција во времето додека тие ја одредувале цената, но и потоа.

41

Управување со федералните резерви на САД

Федералниот резервен систем е банка која е во приватна сопственост и каде што САД го чуваат поголемиот дел од своите пари. Една од главните федерални резерви на Америка се наоѓа во Њујорк, а во сопственост е на оние што се надвор од земјата. Воопшто, се смета дека семејствата Ротшилд и Рокфелер имале големо влијание во федералните резерви на САД. Со години се расправало за нивото на нивниот интерес во Федералните резерви. Некои тврдат дека немале никаков интерес, додека другите веруваат дека семејството Ротшилд имало многу големо влијание во Америка, но и во банкарските системи на европските земји, како и дека се сопственици на повеќето банки.

702px-Great_coat_of_arms_of_Rothschild_family.svg
Верувања дека биле сатанисти

Еве уште една тајна за која ќе се расправа до крајот на времето: многу сведоци кои влегле во нивниот дом тврдат дека внатре виделе знаци на почитување на сатаната. Наводно, Ротшилдови на масата чувале слободно место за Господарот на темнината и не му било дозволено никому да седи на тоа место. Секако, тешко е да се потврди овој навод, но во повеќе разни документи е наведен тој податок. За да се додадат уште малку интриги во оваа приказна, за некои членови на семејството Ротшилд кружела приказната дека своето име го потпишувале со печатот на кралот Соломон. Иако печатот се сметал за симбол на еврејскиот народ, тоа не бил официјален печат во тоа време. Тогаш на него се гледало како на симбол кој го користеле сатанистите.

Врски со тајните друштва

До сега од теоретичарите на заговори можело да се слушне многу за тајните друштва, како што се илуминати и масони, но повеќето од тие приказни започнувале со семејството Ротшилд. Некои сметаат дека станува збор за трачеви, повеќемина од нив тврдат дека семејството имало голем интерес за тајните друштва и нивните финансии, а за овој дел од приказната за нив постојат повеќе докази дека навистина биле членови на некои од нив. Единствената интересна трага која укажува на тоа дека Ротшилдови навистина биле во тајните друштва потекнува од Првата светска војна. Со оглед на тоа дека семејството присуствувало на потпишувањето на спогодбата за крај на војната, луѓето тоа го припишале на нивното членство на Баварските илуминати, кои се основани во 1776 година.

15

Финансирале повеќе големи војни

Со оглед на тоа дека наводно Ротшилдови ги контролираат половина од парите на светот, тие биле оние кои ги финансирале повеќето војни кои се случиле во последните 200 години. Финансирале се’ уште од војните на Наполеон, па до Светските војни во 20 век. Тие им позајмувале пари на владите на земјите, наместо на индивидуални лица, па така станале и останале најмоќното семејство во историјата на светот. На крајот од секоја војна почнувале да заработуваат огромни суми на пари, зашто тогаш почнувале да се враќаат кредитите, а на земјите им биле потребни уште пари за обнова по војната, што за семејството значело уште повеќе кредити и уште повеќе пари. Повеќето банки во текот на војната биле уништени, па владите можеле да им се обратат единствено на – Ротшилдови. Можеби тоа е причината што се смета дека биле над законите во повеќе земји.

71

Многу чудни забави

Една работа која не помогнала во сузбивањето на трачевите за илуминатите, биле забавите кои ги приредувале Ротшилдови. Најпозната е онаа од која постојат фотографии од 1972 година. Поканите на гостите им биле испратени „наопаку“, така што им било потребно огледало за да видат што пишува, а кога пристигнувале, светлата на куќата станувале силно црвени. Многу од овие забави вклучувале некои многу чудни дрес-кодови: носење животни на главата и маски со неколку лица. Имале чудна фасцинација со кафези за птици, но тоа е можеби поради тоа што Салвадор Дали им бил домашен пријател.

1a

61

Можно е да имаат нето-пари од еден трилион долари

Без сомнение Ротшилдови се најбогатото семејство во историјата. Чудно е што никој од семејството не се појавува на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе, но тоа не значи дека и понатаму не се најбогати. Семејството тврди дека нивното нето-богатство изнесува околу 350 милијарди долари. Причина за тоа е што членовите во семејството се венчавале меѓу себе. Меѓутоа, постојат многумина кои проценуваат дека имаат еден трилион долари во нето-вредност.

13

Нејтан Ротшилд со измама дошол до финансиите на Англија

Со нешто со што денес никој не би успеал да мине, му успеало на Нејтан Ротшилд по битката кај Ватерло. Тој во тоа време практично бил сопственик на се’ во Англија што имало врска со парите. Со оглед на тоа дека имал контакти, Нејтан бил во предност и можел пред сите да разгласи како ќе заврши битката кај Ватерло. Тој се јавувал наоколу и тврдел дека битката не е изгубен случај, додека другите сметале дека тоа е пораз кој ќе ја упропасти државата. Така, се верува дека Нејтан отишол директно на Лондонската берза и ги продал сите свои обврзници на британската влада. Кога другите виделе што прави тој, ја направиле истата работа и така предизвикале пад на цената на акциите, речиси до нула. Кога цените драматично се спуштиле, Нејтан Ротшилд ги откупил назад сите свои обврзници, но и сите други и така се стекнал со моќ.

CCI31032011_00003

превземено од Утрински весник