Monday, 20 November 2017

Лесновски манастир

Лесновски манастир — Во село Лесново, Пробиштипско. Црквата е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил.

Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители – Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски..
Овој манастир е еден од побогатите книжевни центри во Македонија. Низ повеќе институции надвор од Македонија се чуваат ракописи што се пишувани во него или потекнуваат од неговата богата библиотека. Познати се збирките во: Белград, Софија, Пловдив.
Досега славистиката идентификува значителен број ракописи од овој манастир, од кои позначајни се: Прологот од 1330 година, Минејот од 1342 година, Паранејсот од 1353 година итн. Голем е и бројот на книжевниците што во манастирот ја вршеле својата книжевна дејност. На прв план тоа е Станислав – првиот книжевник од Лесновскиот книжевен центар и оснивач на калиграфската школа; Партенија, негов ученик, псевдонимниот книжевник Тахота, Калиник, Драјко, Радоња, Силвестер, поп Лазар од Кратово, поп Никола итн. Под негова прбижна потчинетост биле многу цркви и манастири, како и села. Да се спомене дека истиот бил и засолниште за голем број револуционери и ослободителни групи, што се бореле за национална слобода на Македонскиот народ.
Kнижевното училиште во манастирот се нарекувало Скрипториум. Постоело уште од половината на XI век , но имало и калиграфско (препишувачко) училиште формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

Лесновски_манастир_02