Кога се отвара небото?

Во скоро сите краишта на Македонија, сеуште се споменуваат преданијата за настанувањето на небото, но и неговото отворање за време на одредени празници во текот на годината. Некаде народот вели дека на Прочка Небото и Земјата се простуваат, а и дека на Војордан, Богојавление и/или Прочка, Небото се отвара.

Во Кумарино раскажуваат:

Небото се отвора на Војордан во глуво доба. Тогаш од чешмите место вода вино тече, и тогаш се што ќе побараш, се ќе ти се исполни.

Се раскажува за некој кој стоејќи на прозорот го видел небото како се отвара и почнал да вика – Сакам слава, сакам слава! Арно ама, Господ не го разбрал добро, место слава слушнал глава и му дал голема глава.

На истава тема во Милино велат:

На Богојавлење Господ се бања и тогаш на кратко се отвара небото за да ја исипа водата. Ова отварање на небото се видва. Ако тоа го види некој човек, што ќе помисли ќе добие. На тој ден некоја жена со главата низ пенџере чекала и кога небото се отворило се збунила, па место да побара “Дај ми Боже шиник пари”, таа рекла “Дај ми Боже шиник глава”. Господ и дал шиник глава, па после не можела да ја извлече главата од пенџерето…

Alex_Grey-New_Man_New_Woman

од Небото над Македонија, автор Ѓоре Ценев

Leave a Reply