Инфериорноста, фрустрацијата и омразата во Собранието

Ако случајно го погледнете Собранието од птичја перспектива, ќе забележите дека тоа, всушност, е еден пентаграм. Во случајов, српската, поправо, колонијалната власт на Вардарска бановина конструирала политичка институција во форма на пентаграм, но ставен во крајно субмисивна позиција. Прво, едната страна е скршена, со што му е оневозможена наполна дистрибуција на моќта и на тој начин овој конструкт е ставен во зависна и сервилна позиција во однос на супериорната институција на моќта позиционирана во Белград. Потоа, неговата географска поставеност, каде што базата на овој пентаграм е свртена кон север, а врвот кон југ. Со тоа, овој и така исфрустриран и скршен пентаграм е поставен наопаку, во сатанистички контекст, каде што спиритуалнтата страна или страната на „боговите“, т.е. северната страна, онаа која тежнее нагоре, кон небесата, ја добива инертната и ирелевантната база на пентаграмот, а врвот и тежнението кон реализација на волјата на народот и моќта е свртен кон југ, што во херметиката ја одразува материјалистичката и телесната страна на постоењето. Така, всушност, се создаваат робови и поданици. Масите да се насочат кон материјализмот и консумеризмот, а доблестите и спиритуалноста да се потиснат до заборав и непостоење.

оЃин

Токму тоа е филозофијата на сите хегемонии. Да се затапи и пасивизира волјата на колонизираниот народ, луѓето на кои им е судено да бидат инфериорни послушници и поданици на еден систем, кои, впрочем, не го ни разбираат, но се плашат од него и постапуваат во согласност со неговите потреби. Но, тивката омраза на придушениот гнев го полни зданието со своите неконтролабилни емисии. Сетете се само на филмот „Шајнинг“ од Стенли Кјубрик, во кој главниот лик, толкуван од Џек Николсон, доживува напади на параноидна шизофренија, манифистирана со манијалкално однесување, а мотивирана и генерирана од полтергајстот, кој е вткаен во самата градба, на тој напуштен и проколнат хотел во Апалачките Планини.

Така и во нашето Собрание е вткаен духот на инфериорноста, фрустрацијата и омразата. Тој демне и бара пукнатина во аурата на погодниот пратеник, а потоа се имплементира како резидент во неговата душа, од каде што дејствува со својата демонска волја. Затоа и толку омраза и срам, толку понижувања и одвратност. Да се смени знаме или име, зарем тоа е некаде направено? Дури и во најбезнадежните делови на светот, таков пример нема. Но, дали има излез од оваа без малку лудачка ситуација?

Александар Станкоски

собрание

Некои сметаат дека и зградата на Собранието на РМ крие своевидна симболика. Зградата е подигната да служи како седиште на банската управа, што значи инкарнација на власта од Белград. Гледана одгоре, зградата е во форма на петтоаголник, што за слободните ѕидари има симболично значење. Таа форма се нарекува “огнената ѕвезда” и го симболизира преминувањето на калфите во мајсторски степен.

Јован Бригиски

Sobranie3 Sobranie4

читај:

Што крие Собранието на РМ?

Зградата на собранието е сатанистички пентаграм

Leave a Reply