Sunday, 19 October 5597

Меркаба – кола, тркало, кочија

Зборот Меркаба или Меркава (на староеврејски – кола, тркало, кочија) е опишана за прв пат во Библијата (Езекиел 1) како Божји престол – кочија со четири тркала, управувани од четири серафими, секој со четири крила и четири лица (човечко, лавовско, телешко и орлово). Во алхемијата четири означува време.

Визијата на Езекиел

Средновековниот јудаизам го сметал почетокот на Книгата на пророк Езекиел за најмистичниот пасус во Библијата и изучувањето на истото било забрането. Сите истражувачи подоцна се обесхрабрувале од текстот, со исклучок на ретки специјалисти со богато искуство во еврејската мистика.

Меркаба, црква Св Јован – Кратово

Еврејските коментари на Библијата потцртуваат дека изгледот наМеркаба не треба да се разбира буквално, а дека кочијата и придружните ангели биле аналогии на различните патишта, по кои што Бог се пројавувал во овој свет, така што ‘Бог не е ограничен до некаква определена форма’ (Тринаесетте принципи на верата).

Описите на Меркаба се состојат од детално броење на нивоата на небото (обично седум), често чувани од ангели и заградени од пламен и молњи. Највисокото небо се состои од седум дворци (хекалоти), а од највнатрешниот од нив царува врховното боженствено лице (Славата Господова) на престол, заобиколен од многу ангели, пеејќи молитви кон Бога.).

Според стиховите на Езекиел и пропратните коментари, аналогијата на Меркаба се состои од кочија која што е влечена од ангели и управувана од подобие на човек. Четири ангели ја оставуваат основната структура на кочијата. Нивните тела се слични на човечките, но секое од нив има четири лица, соодветни на четирите насоки во кои кочијата може да се движи. Лицата им се на човек, лав, теле (подоцна променето во дете или херувим) и орел. Четири ангели со по четири лица прават вкупно 16 лица. Секој од нив има по четири крилја. Две од тие крилја се расположени по должината на кочијата и се сврзуваат со крилјата на ангелот од другата страна. Тоа создава еден вид ‘кутија’, која што го составува периметарот на кочијата. Со останатите две крилја секој ангел си го покрива сопственото тело. Четирите ангели ги претставуваат основните архетипи по кои што е создадена сегашната природа на светот.

Под нив, но несврзани со нозете на претходно споменатите, има други ангели, кои што личат на тркала. Тие ангели, опишани како тркало во тркало, ги претставуваат тркалата, круговите – патиштата (начините). Ги претставуваат начините по кои што архетипите се комбинираат, за да ги создадат видливите нешта во светот.

Библијата подоцна споменува трет вид ангели во Меркава, наречени Серафими (буквално: пламени, огнени). Тие се пројавуваат како ‘огнено сјаење’ и непрекинато се воздигнуваат и спуштаат.

Кочијата може да се управува само кога четирите ангели си ги сврзуваат крилјата. Движењето на сите ангели се контролира од Престолот…

извор – Merkabah meditation & Ancient secret of the Flower of Life by Drunvalo Melchizedek

превод – Никола Ристевски