Sunday, 22 October 2017

Ста Варвара, буксава, Свети Никола

Ста Варвара е празник некаде к’де пулувината бужиќевија пост. Туга се празнува, напрееја се момечетата, момеченца – гулеми и малечки. Малечките се мераклии, кату видаа гулемите, погулемите се наприли, и тија искаа да и напрееја. Некуа жена има момече, тја рече: “Се ќе дума, г’рќините ќе дојдаа дума да ужнуваа”. Свари боп с чекане, рибник, леб им испече, пугаче и се напрееја ид маалата е-е-е куприненчетата врза удгоре на них да се убави, да се ѓиздави. И има тува еден рит, туку нат селоту, Света Петка се вика, има и крс там; там се излааза. Излезаа там, се нафатаа на ору, пееја, играа. И пееја песента Ста Варвара, буксава, Свети Никола. Пееја, играа дукату се наиграа, дукатусе умораа. И бегаа си – едни са у таа маќа утишли, у тава момече да јада, друзи па у другу идаа, веќе. Маќата е турила на чердаку, вика, трепеза. И тија укулу неа се врте, играа, играа, наседаа уморени, радосни, теквија им драгу, најада се и тава е. И дугудина па, викаа. Дугудина па ќе се напраеме.

 

Обичаи – Ста Варвара е празник

од МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ УМОТВОРБИ ОД РАЗЛОШКО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

1992

Институт за фолклор Марко Цепенков