Небото над Македонија

Космогонијата, митовите и ритуалите имаат централна улога во колективната свест на секоја нација. Преку нив  ние ги добиваме сликите за почетоците на времето, или Златното време кога хаосот се одделил од редот, доброто од лошото, и цел свет бил создадени според стандардите на Бога и принципите за добро и убаво. Космогониските митови ни овозможуваатодговори на две многу важни прашања поврзани со перцепцијата на земното, подземното и  и небесното. Одговорите што се овозможени од овие митови не се само на прашањата како светот бил создаден, туку и на прашањата за тоа зошто овој свет бил создаден. Понекогаш имаат локални верзии, но најчесто сите тие митови и ритуали содржат заеднички карактеристики спознаени кај сите нации, посебно ако податоците се анализираат се однесуваат на подолги временски периоди. Објаснувањето за такви појави може да се најде во заедничката почетна точка – набљудувањето на истото небо и движењето на небесните објекти, посебно на Сонцето и Месечината.

Во книгата The Way of Myth, Joseph Campbell  изјавува:

Митовите и религиите секогаш биле фокусирани на некои основни архетипи, кои што повеќе се фило-генетски и се исти во сите култури, па затоа не се во сопственост на само една нација или религија.

Почнувајќи од 1982та, на територијата на Република Македонија систематски се собрани традиционалните имиња на соѕвездијата, како и информации за перцепцијата на луѓето за небото, небесните објекти, земјата, времето и климатските прмени. Овие етно-астрономски и етно-метролошки истражувања се први од таков вид во нашата земја. Изненадувачки е како споменот на древните за небото и како тоа се врти останал до денес. Научниот труд/книгата на физичарот и астроном Ѓоре Ценев, именувана како Sky Map of Macedonian People е содржана во библиотеката на NASA, дигитална датабаза за астрофизика. Ова само ни потврдува за значењето на традициите и културата од овие простори.

 

Leave a Reply