Од кога постои Свети Николе?

Географската и топографска положба на Свети Николе биле еден од најзначајните фактори за неговиот развиток. Градот се наоѓа во средишниот дел на тектонската тонатина Овче Поле, лоциран на допирот на рамниот и ритчест дел на некогашната езерска рамнина, која овде е расчленета од дејството на флувијалната ерозија и претворена во плитка и проширена долина. Долините на Свети Николска, Горобинска и други помали реки, што гравитираат кон градот, претставуваат и природни предиспозиции по кои водат патиштата што ја поврзуваат населбата со нејзината поблиска и подалечна околина (Штип – 28км, Велес – 34км и Куманово-43километри).

Од кога точно постои населбата Свети Николе, поради недостиг на пишани податоци, не може да се рече со поголема сигурност. Во еден споменик од времето на крал Милутин, кој го освоил Овче Поле, се споменува дека во близината на денешната локација на Свети Николе постоела црква или метох со име Свети Никола. Нешто подоцна, во една повелба од 1378 година, со која се потврдуваат даровите на манастирот Свети Пантелејмон на Света Гора, покрај останатите места, се споменува и место Свети Николе со место Јужиново. Ако се земе во предвид дека тие места, според записот, се подарени заедно со “луѓе и лозја”, може и треба да се заклучи дека на тоа место постоела и населба.

По смртта на Костадин Дејановиќ во 1395 година населбата потпаѓа под турска власт и го добива името Клисали, што значи црквено.

– Васил Недков – Свети Николе

Географски видик книга 5 Географско друштво на Македонија 1974

Sveti Nikola Saint Nicholas

1 Comment

  • […] види – Од кога постои Свети Николе? […]

Leave a Reply