Thursday, 21 September 2017

Обредот на собување на чевелот

Обредот се однесува на чинот на собување на обувките кога се приоѓа на света земја. Тоа е симбол на почит, кој бил широко распространет меѓу старите народи. Свештениците секогаш ги принесувале жртвите боси. Питагора ги упатувал своите ученици секогаш да се соблекуваат пред принесување жртви и богослужба. Мухамеданците пред изведување на молитвите, секогаш ги оставаат влечките пред џамијата. Друидите го практикувале истото при секое изведување на светите обреди. Перуанците исто така ги соблекувале обувките пред влегување во храм. Д-р Оливер кажува дека истиот обичај бил распространет подеднакво во Индија и на островите на запад од Европа, па дури и американските дивјаци сметале дека собувањето на обувките во текот на поклонувањето бил возвишен начин на оддавање почит кон Божеството.

Еврејските законодавци го прифатиле овој знак на почитување, а симболизмот се наследил кај нас. Употребата на овој симбол до Третиот степен е добро позната на секој масон.

– од Бревијар за древното братство