Фармасонот Тале Алавантија

Марко Цепенков запишал една приказна, за еден овдешен, наш масон, за масонот

Тале Алавантија

“Веруваат луѓе оти имало на земњава фармасони што потпишуале луѓе под нив. Тие му даале троа пари на тој што ќе се потпишел и ќе му го одземеле лицето на една книга, да го обесат на ѕидот. Парите тој што жи имал, ер кај што жи да даел, пак назад ќе му дојделе. Ако сакал некогаш да се одречит чоекот од нивната тебабија, ќе се сетат по лицето што му го имале и катаден се пулеле по сите лица што имале земени потпишани. Ќе го сетат лицето, чунки ќе се припраело некако и веднаш ќе го шибнат со един шиш в срце во книгата и ер кај сака да ет чоекот, ќе си умрел. Велат за фармасоните ѓо не биле луѓе, ами ѓаоли, за да жи лажат луѓето, да жи носат во Вечна.

Тука во Прилеп имало еден фурнаџија и анџија што го викале Тале Алавантија ѓоа тој беше фармасон, чунки в црква ич не одеше.”

Приказнава запишана од Марко Цепенков сведочи најмалку за три работи:

1) Дека масоните не биле непознати во Македонија пред стотина – двеста години

2) За сфаќањето на обичниот човек за тоа кои се и што се масоните

3) За нивниот страв од овие невообичаени, чудни луѓе

 

извадок од Бревијар за древното братство од Јован Бригиски

сите права на изданието ги има “Култура” Скопје

Leave a Reply