Saturday, 19 August 2017

Автохтониот македонски канабис ги намалува епилептичните напади

Според докторите, канабисот е многу помалку опасен отколку легалните никотин и алкохол. Истите велат дека граѓаните на Македонија говорат за проблемите со наркотиците по години, па и деценија подоцна по нивното масовно злоупотребување. Пример за тоа е хероинската епидемија, која што започна пред повеќе десет години, а последиците се чувствуваат и денес, дури и во најмалите градови од Република Македонија. Потполното легализирање на наркотиците не предизвикува зголемување на бројот на корисниците, туку напротив – намалување на нивниот број, за што можеме да земеме пример од Португалија. За жал, заболените од разни болести кои можат да се ублажат или излекуваат со масло од канабис, се подлежни на строгите закони, па затоа се третирани како криминалци. Истовремено, фармацевтската индустрија ги зголемува печалбите од продажба на синтетички лекови, а дилерите се богатат на грбот на оние на кои што највеќе им треба канабисот. Пациентите често се измамени со неквалитетни масла и цветови од канабис за кои што не се знае ниту потекло, ниту дали се индика или сатива, ниту пак колкав процент на THC & CBD имаат.

LEGALIZIRAJ

Според докторот Пол Хорнби, патолог од Канада, кој годинава учествуваше на вториот семинар за медицинска употреба на канабис, во Македонија постои автохтона сорта на канабис, кој веќе е проверен во врвни лабаратории, и со кој се направиле проверки во третирање на деца болни од епилепсија. Резултатите биле одлични, а докторот се чуди зошто државата сеуште го стигматизира ова растение. Истовремено, се зголемува бројот на млади кои користат синтетички дроги, се зголемува бројот на заболени од рак, криминалните структури си работат, а конопот е нелегален, додека слободно можат да се берат отровни растенија како татула, ипомоеа и сл.

Погледнете ја дебатата на Телма:

Поздрав до Филип, жив здрав и само напред!

Marijuana-Economy