Thursday, 21 September 2017

Не у ЕУ, Не у НАТО, Јенки гоу хоум (интервју со Миленко Неделковски)

Здраво живо, г-ине Неделковски. Ви благодарам за овозможената прилика за интервју.

milenko late night show

Повеќе од три децении се занимавате со новинарство, што ве инспирираше да започнете?

Вработувањето. Тогаш тешко одеше вработувањето. Системот во СФРЈ и СР Македонија продуцираше енормна невработеност. Се вработив како спикер во Радио Скопје во 1983-та, а по две години во рамките на РТС (Радио Телевизија Скопје) од Радиото ме превземаа во Телевизијата.

milenko tv skopje

Сте патувале службено и приватно на многу места во светот, дали некое ве има потсетено на нашата Македонија?

Ниту едно. Нема никаде земја и убавина каква што е Македонија. Природа, луѓе, гостопримливост, побожност, гастрономија, фолклор, песни и игри… Не, тоа го нема никаде таму каде што сум бил.

milenko camel

На какво мнение сте за сегашното ниво на слобода на говор и независно новинарство во Република Македонија?

Слободата на говор и новинарски израз е на врвот во однос на земјите во светот. Да потсетам, ова лето излегоа германски новинари со автобиографии каде тврдат дека од ЦИА им ги пишуваше текстовите, тие морале само да ги потпишуваат. Натаму, во Македонија има десетици и десетици телевизии. Во земјата членка на ЕУ и НАТО само три или четири. Законот за полициски час во Франција, на пример, и дозволува на владата без образложение да затвори и блокира било каков медиум. Исто така, контролата и непуштањето на вести и настани што не им одговараат на BBC, CNN и FOX е поголема пречка за протекот на информации до секој граѓанин на планетава, отколку било кој закон во било која држава. Еве, само во последните 10 дена од ноември имаше масовни протести во Берлин, Мадрид и Лондон – ама за нив никаде не можевме да видиме ниту збор.

milenko zajci

Кои искуства на останатите земји би можеле да се искористат како урнек или поттик за развој на повеќе спортски дисциплини?

Нема урнек. Секоја земја треба да си ги согледа своите предности, мани, услови, афинитети. И според тоа да направи стратегија.

milenko camel trophy

Зошто, според вас, Македонија сеуште го нема искористено огромниот потенцијал за истражување, промовирање и заштита на големото културно богатство со кое располагаме?

Затоа што во Србославија беше забрането и оневозможено да се самосознаеме со помош на историјата, археологијата, спелеологијата. Знаевме се за Иван Цанкар, Матија Губец, Вели Јоже… Знаевме се (и ги посетувавме) Плитвице, Козара, Сутјеска, Неретва, Дрвар, Челе кула…а немаше екскурзии до Прохор Пчињски. Не знаевме ништо за Ченто, Ќосето, Веле Марков, подводната археологија во Охрид, Била зора… Тоа беше начин да се избрише идентитетот на еден библиски народ.

milenko ranc

Кои од македонските новинари имаат повлијаено на начинот на вашата работа, и кои од помладите имаат израз кој вам ви се допаѓа?

Во спортот Никола Солдатов. Во понатамошната кариера никој. На мене тешко некој може да влијае. Тешко, дури невозможно.

Од помладите? Можеби Сарма од Сител.

milenko-off

Вашата емисија има големо влијание во македонската јавност, дали се соочувате со притисоци од различни структури?

Од секогаш. Притисоци имам од опозицијата , од Владата, од странските амбасадори, од невладините и од криминалците кои го поддржуваат СДСМ. Но имам и еден друг притисок, позитивен. Тоа е притисокот од мојот народ кој бара теми, вистини, факти, гласноговорност без ракавици, храброст, домољубивост. Е тој притисок најмногу го сакам.

Brussels-incident-by-Filip-Pechevski

Што би им порачале на амбасадорите на странските земји во Македонија?

НЕуЕУ. НЕуНАТО. Јенки гоу хоум.

milenko kutre

Како ги гледате моменталните случувања на македонската политичка сцена?

На македонската политичка сцена и недостасува една силна, радикална, антиглобалистичка партија, што ќе ги штити интересите на народот и државата. Која нема да преговара со секоја европска будала што ќе слета на аеродромот Александар Македонски, или со секој американски рекетар и пробисвет што ќе дојде овде. Че Гевара рекол: “Јас не сум ослободител! Ослободители не постојат! Народите си се ослободуваат сами“. Македонскиот народ ќе се ослободи од овој фашистички режим и притисок на НАТО и ЕУ во Македонија. Македонскиот народ ќе ги ослободи своите окупирани етно-геграфски територии. Македонија – Цела (севкупна) е моето мото.

maxresdefault

Кои гости ќе ги гледаме во наредните месеци?

Александар Дугин, првиот советник на Владимир Путин. Ерих Фон Денекен, поранешниот аналитичар на НСА (National Security Agency) за Балканот John Schindler, сопственикот на германски магазин Компакт Јирген Елсасер, англичанецот Дејв Марфи кој тврди дека земјата не е округла, ами рамна плоча… И така. Секако ако после овие објавени имиња не ми попречат, како многупати досега Американската амбасада, Сорос, Радио Слободна Европа, УСАид и слични кои прават се да ги попишманат гостите да дојдат кај мене во емисија.

milenko farma meckoec

Кози, кучиња, коњи… Што ве влече кон тоа?

Јас сум дете од скопскиот асфалт. По таткова линија најмалку 250 години сме населени на десната страна на реката Вардар. Преку глава ми е од гужва, паркинг простори, семафори, асфалт, бучава, нервози… 5 до 6 дена во неделата сум на пасиштето кое го има под концесија фирма на мојата фамилија. Таму сум во друштво со 40-тина шарпланинци, 7 коњи, магаре, мазга, 200-и-кусур кози 10-тина прча, зајаци, мачки, кокошки, диви свињи, штркови, галаби…

milenko sarplaninci

Што би порачале на читателите во овие бурни времиња?

Наскоро, многу скоро, наместо “Македонија цела ДА е секој да ја знае“, ќе пееме “Македонија цела е секој си ја знае“. Најголемата и најбројна држава на Балканот по два-и-пол милениума повторно ќе стапи на сцена. Тој процес никој не може да го сопре.

milenko nedelkovski late night show

прашања – Никола Ристевски, ЛОЗА 2015

линкови:

Дудинка

Milenko.com.mk

Миленко на FB

Миленко на YouTube