Tuesday, 21 November 2017

Аксиј и Пајонците во Илијадата и Одисејата

За оние што се интересираат за најдревната историја на Македонија, знаејќи дека нивниот број е најголем, а сосема малечок на оние што знаат дека првите историски податоци се наоѓаат кај прастариот европски автор – поетот Хомер, во неговата вечна жива и славна Илијада, се задржуваме на овој за нас и за нашите млади генерации важен и поучен факт, и ги преведовме поважните места од кои што може да се види дека бесмртниот Хомер не само што ги познавал нашите краишта, најстарите нивни жители и нивната традиционална историја, туку и ги ценел како одлични борци. Со својот поетски јазик, ослободен од секаков шовинизам и локален патриотизам нашол убаво о топли изрази и зборови за нашиот Вардар и за неговите јунаци, предводници на најстарите македонски жители – Пајонците, иако тие се бореле на страната на Троја. Пуштајќи ја оваа книга во печат, посакуваме да се отвори вратата за патот кон богатото азно на античната литература.