Thursday, 21 September 2017

Во такт со пулсот на улицата

Целта е да се направи сеопфатен портал, каде ќе можат да дојдат до израз квалитетни млади артисти и да добијат фидбек за тоа што го прават, да се насочи публиката кон квалитетен хип-хоп и фактички секој да може да си пронајде интересна содржина. Покрај тоа ќе има содржини од спорт и хобија кои имаат допирни точки со хип-хоп, ќе се внесат сите песни/албуми од нашата сцена кои веќе добиле некое внимание и линкови до сите албуми кои се хип хоп класика. Сајтов е сработен од рапери, за поширока публика. Исто така, ќе има и радио содржини со плејлисти, во иднина интервјуа со етаблирани артисти од кај нас и од странство, со www.hip-hop.mk ќе се демистифицира рапот.

Блажеј Атанасовски

www.hip-hop.mk

hiphopmk

hiphop mk

www.facebook.com/hiphopmkOFFICIAL