Thursday, 19 October 3206

Гранчето од акација

Во сите древни мистерии среќаваме свети растенија кои се симбол на иницијацијата. Миртата била користена во грчките мистерии, ареката во египетските, белата имела во друидските, лотосот во индиските обреди, марулата во адонисиските мистерии, и така натаму. Масонеријата го позајмила овој обичај од древните народи и акацијата, која била свето дрво за Хебрејците, ја зела за свој мистичен симбол.

Акацијата била свето дрво кое растело насекаде околу Ерусалим. Светилиштето на табернакулот и светиот ковчег биле изградени од ова дрво, па од тогаш наваму акацијата се сметала за света.

Симболот има неколку значења, но за нашиот преглед е доволно да го споменеме само основното и изворно значење, а тоа е иницијацијата и нејзината употреба како симбол на бесмртност и невиност. Тоа се тесно поврзани значења, па за да се сфати целосното значење на симболот, мора да се разгледуваат заедно. Во стари времиња иницијацијата се темелела на невиноста, т.е. на чистотата на животот, а иницијацијата водела до постигнување бесмртност.

– од Бревијар за древното братство