Friday, 19 October 5235

Рихард Вагнер и масоните од Битола

Нема цврсти  докази, туку само индиции  дека големиот музичар и слободен ѕидар, Рихард Вагнер, ја посетил Битола.  Сомнежи  дека Вагнер бил масон воопшто и нема, ниту пак во тоа дека несомнено спаѓал во редот на оние кои ги интересирале духовните предизвици, а не биле членови само од материјални побуди. Тоа произлегува од анализата на неговите опери Нибелуншката тетралогија,  Парсифал,  Холанѓанецот скитник, и особено Фауст, кои се сметаат за израз на масонска симболика за трагањето по духовното.  Тоа се приказни за типично масонски преокупации: мрачни магии, за гревот, за искушенијата и за смртта која носи преобразба.

richard-wagner-1233837879-hero-wide-0

Се смета дека Вагнер во Битола престојувал три дена кај семејството Лала, односно кај неговиот ученик и капелмајстор Димитрие Лала кој работел во Бајрот-театарот, кога се изведувале Вагнеровите опери. Секако дека капелмајсторот Лала бил многу близок со великиот Вагнер,  дека биле пријатели, а можеби и браќа по масонска линија.

Кога станува збор за можната локација на седиштето на некоја масонска ложа во Битола во тоа време, одредени  истражувачи ја посочуват токму оваа куќа која постои и ден денес, неодамна како приватен музеј, сместена во близината на  познатата саат-кула…

 

– од Бревијар за Древното Братство, Јован Бригиски, КУЛТУРА