Професорот Домагој Николиќ и мистичниот геоглиф (2012 – 2015)

Крешимир Мишак: Понатаму би можеле да споменеме уште некои необични места, на пример Овче Поле и Ѓаволскиот ѕид, геоглифот…овде веќе можеме да ги споменеме и мегалитските ѕидови. Мора се рече дека тие се доста необични ѕидови за кои не е сигурно дали само така се градени и начинот на кои се спојувани или вметнати, дури до некаде и ги надминуваат нивните еквиваленти од другите места, како што можеме да заклучиме од овие слики.

Домагој Николиќ: Точно да, тоа место се наоѓа во близина на Свети Николе, во втората по големина македонска котлина – Овче Поле. Местото народот го нарекува Ѓаволски Ѕид. Многу е интересно. Тоа е можеби најголемата пустош која постои во Европа. На југ од Богословец се наоѓаат многу квадратни километри дивина. До тоа место позади овој рид, Ѓаволскиот Ѕид ретко кој и доаѓа, значи воопшто до таму да се дојде треба да се прејде екстремниот терен, бидејки таму воопшто нема пат, така што човек тешко може да се ориентира до таму. Јас ја имав таа прилика, тоа задоволство, чест, тоа провидение Божјо да ме испрати на патот до локалниот археолог Горан Динев, така да бев во негово и друштво уште на еден заеднички пријател – Никола Ристевски, локален млад истражувач. Ние тројцата заедно таму дојдовме, на тој Ѓаволски ѕид…

Крешимир Мишак: Дефинитивно ваква небесна стрелка заслужува многу посериозно внимание од обични слики од Google Earth. Колку е голем тој геоглиф воопшто?

Домагој: Мислам дека се работи за околу 80 метри, можеби и повеќе, можеби и 100. Тој…тоа е многу интересно..тоа е вештачка градба, значи мојот пријател, локалниот археолог Горан Динев, кажува дека нема сомневање од испитаните примероци на земјата, дека не одговараат на локалното тло, дека е донесено од некое друго место, најверојатно од Била Зора, итн. Тој геоглиф, неговата оска е ориентирана е право кон север, неговиот облик упатува на оската до градите на соѕвездието Касиопеја.

Na Rubu Znanosti – Tragom drevnog rudarstva Balkana 26 11 2012

Домагој Николиќ: …обележан е на таков начин, што само оној кој е упатен во светите тајни, знае за што овде станува збор. Значи, потребно е да се познаваат правилата на метафизиката, за воопшто да се спознае самиот бит на древните градители. За ова откритие еднакво е заслужен и Никола Ристевски од Свети Николе, кој ме упати во многу специфични тајни за Македонија. Затоа што древните писма, народните преданија можат да ги знаат само локални луѓе, од каде инаку би можел да ги знам сите овие нешта?

Крешимир Мишак: Дали ова нему му се чини реално – можноста дека гробот на Александар Македонски е баш таму, под геоглифот?

Домагој Николиќ: Па, тој се обидува да ја придвижи јавноста во Македонија и да ја мобилизира свеста и останатите, дека можеби навистина станува збор токму за тоа. Мислам дека е доволно само да се погледне математичко – астрономската слика. Значи, ако на една градба имаме точна слика на небото во часот кога е роден Александар Македонски…

Крешимир Мишак: …картите отворени на масата 🙂

Na Rubu Znanosti – Aleksandar Makedonski 25 11 2013

macedonian-geoglyph

Драго ми е што мојата работа на еден скромен начин допринесе за промоцијата на градот на Свети Никола и културното богатство кое што го има овде. Целото свое знаење го должам на моите пријатели од Свети Николе, пред се на самостојниот истражувач Никола Ристевски, кој ме упати до овој геоглиф па ме донесе овде, и кој ми даде ориентација за постоечките текстови за овој регион и народните преданија. Имав чест да работам и со археологот Горан Динев, чии сознанија исто така ми помогнаа во моето истражување..

ТВ СВЕТ – Ова ќе го промени не само нашето минато, туку и нашата иднина 19 12 2013

Траговите на древното рударство кон крајот на 2011та ме донесоа во Македонија. Во Кратово се запознав со Стевче Доневски, кој ме упати во Народниот Музеј во Свети Николе. Тогашниот директор на музејот Илија Стоилев ме запозна со археологот Горан Динев, кој го повика истражувачот Никола Ристевски да не однесе до Ѓаволскиот Ѕид. Во тие денови и дознав за постоењето на големиот геоглиф…

ТВ СВЕТ – Отворено со Домагој Николиќ 19 12 2013

Додека бев во Македонија во 2011та, една вечер седевме и Никола ми покажа слика од геоглифот, прашувајќи ме што јас мислам за тоа. Веднаш ја воочив Касиопеја и нејзиното вртење околу Северница… Никола ме замоли да ги погледнам неговите истражувања поврзани со поставеноста на ѕвездите, и му реков – дај да ти го доработам ова твое истражување, и тогаш се појави веќе добропознатата огледална слика – како на небото, така и на земјата…

Миленко Неделковски Late Night Show 03 01 2014

macedonian-geoglyph-cassiopeia

Во оваа прилика на еден скромен начин сакам да се заблагодарам на еден млад човек од Свети Николе – Никола Ристевски, кој ме донесе на оваа локација, и кој посветено работи на популаризацијата на мистичното Овче Поле. На некој начин, тој е одговорен затоа што ние сме овде и за истото сите сме му посебно благодарни.

ТВ СВЕТ – Изјави по првите истражувања на геоглифот 20 03 2014

Би сакал да кажам дека го обезбедивме најмодерниот гео-радар за длабока пенетрација, кој на суво тло може да продре и повеќе од 20 метри под површината на земјата. Осигуравме специјални спектрални камери кои би требало да ни помогнат при детерминирање на споменатите аномалии. Се надеваме дека ќе ги добиеме потребните дозволи од македонските власти, за да можеме да извршиме снимање и еднаш засекогаш да го отстраниме прашањето – Дали геоглифот во Овче Поле крие подземни структури?

Интервју со професор Домагој Николиќ ЛОЗА 21 мај 2015

geoglyph kanda ovce pole sveti nikole macedonia

Секогаш ми е задоволство да дојдам во градот на Свети Никола, каде што сум и почесен граѓанин. Благодарен сум на сите Светиниколчани кои што го бранат и чуваат ова место, на Никола Ристевски и останатите, без кои ништо од ова немаше да биде возможно.

Миленко Неделковски Шоу 27 11 2015

читајте

Домагој Николиќ – Мистеријата на Александровата гробница

Прелиминарни резултати од архео-акустичните мерења во Овче Поле

Архео – акустични анализи на Канда (втор научен труд)

kanda geoglyph sbrggeoglyph resonator

ЛОЗА search: геоглиф

1 Comment

  • […] Професорот Домагој Николиќ и мистичниот геоглиф (2012 – … […]

Leave a Reply