Thursday, 19 October 8243

Дервишките редови во Овче Поле

Во меморијата на локалното население останала информацијата за старите дервишки редови во Овче Поле. Во Милино биле присутни дервишките редови ајати, бекташи, аливети (халивети) и мелами. Турците во Ќоселери припаѓале на редот алвети или аливети (халивети), а во Крџали (денес не постои) на редот ајати. Големи турски родови живееле и во Горобинци. Имале џамија без минаре, до која имало два дервишки гроба и едно теќе. Дервишите биле од редот ајати.

CIS:SD.1079

На повеќе места во Овчеполската котлина порано се наоѓале џамии и текиња. Постоеле и турбиња – турбе, гробница на важен човек од муслиманска вероисповест. По една џамија постоела во Ерџелија, Мустафино, Горно Црнилиште, Аџибегово, и во други села. Срушени текиња има во Милино, Каратманово, и на некои други места.

Во Дорфулија старите зборуваат како порано сите Турци кои живееле таму биле дервиши. Припаѓале на дервишките редови бекташи, саади, кадри, алвети и ајати. Последните ја посетувале џамијата, а останатите теќето во селото…

подготвил – Никола Ристевски