Monday, 23 October 2017

Ѓаволска или Божја билка?

Меѓу другите создадени благодети од божјата рака бил создаден и канабисот. Во минатото оваа билка не сеела страв меѓу луѓето, туку се користела за добивање на коноп, изработка на квалитетна хартија, сточна храна, лекови и друго. По многу години користење на канабисот оваа билка почнале да ја сметаат за ѓаволска и оттука се сменила перцепцијата. По нејзината забрана за користење, легализацијата на марихуаната предизвика експлозија од интерес, а маслото од канабис отвори надеж за болните од најтешки болести. За оваа проблематика се истражувало многу и според глобалната мрежа е дојдено до неброени извори и информации. Многубројните светски истражувања и дебатирања довеле до заклучок дека легализацијата на марихуаната дава позитивни резултати. Човек има право да прави што сака се додека не му го наруши истото право на другиот. Не треба да се нарушува ничија слобода и сметам дека легализацијата на марихуаната ќе донесе корист од најмалку две причини. Прво, марихуаната се пуши во вид на цигара и не создава никаква зависност, барем така тврди медицината, додека пак тутунот кој се произведува, продава и конзумира е штетен и создава зависност. Тргнувајќи од лошото кон помалку лошото, ако дозволуваме нешто што е лошо, а тоа е тутунот, мора да дозволиме нешто што е помалку лошо, тоа е марихуаната. И алкохолот исто како и цигарите легално се продава во неограничени количини, достапен е за сите и покрај тоа што е забранет за продажба на лица помали од 18 години. Но тука има голем предизвик од младата популација бидејќи забранетото овошје секогаш е послатко. Како второ не најдов информација дека некој починал од канабис додека многу други поопасни и отровни средства се дозволени и можат слободно да се купат по маркетите. Прашувам зошто тие не се забранети за продажба? Кога утописките оази ќе пресушат луѓето стануваат беспомошни и безполесни, бараат излез од безизлезот, бегајќи од реалноста, од болките, од секојдневието. Бидејќи тоа што забранетата билка го лекува, конвенционалната медицина не може да го излекува. Се пишуваат и шират информации дека канабисот нема лековити својства. Дали можеби се тоа државните установи, доктори, медицински лица кои работат во интерес на фармацевските компании? Да црпиме поука од државите кои ја имаат легализирано марихуаната, на пример Холандија која има приходи од марихуаната, а нема пораст на наркоманијата. Ако ние ја легализираме марихуаната ќе имаме контрола над нелегалниот пазар и би ги оделиле здравите тревкари од нездравите наркомани.

Потребна е промена, промена на овој систем со сериозен приод кон ова прашање, бидејќи живееме во сосема ново општество, во кое се појавуваат нови проблеми и нови предизвици. Старите решенија не функционираат за новите предизвици и колку повеќе се обидуваме да се водиме според него, толку повеќе бегаме од реалноста. Употребата на марихуаната за многумина е крајно средство, а по крајни средства никој не посегнува од арно!

Маријана Китаноска

говор на Ораторската вечер “Иво Пухан”

превземено од akademik.mk

legalizacija