Thursday, 21 September 2017

Црквата Свети Никола во Буриловци, Овче Поле

Буриловци е село во Овче Поле, дел од општина Свети Николе. На левиот брег од Долна Река, до старите селски гробишта во Буриловци се наоѓа старата црква Свети Никола. Еднокорабниот храм е изѕидан и исцртан во 14от век врз остатоците на постара градба. Црквата е дел од Брегалничката епархија – Една од најстарите сочувани цркви во Овчеполието. Потекнува од 9 век, а фрескоживописот е од 14 век. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена.

фото - wikimedia

фото – wikimedia

Градбата е еднокорабна, од клепан и кршен камен со малтер врз правоаголна основа и со полукружен свод. Влезот е од западната страна преку ниска еднокрилна вратичка. Фрескописот е обновуван во 19от век, а денес оваа црква е заштитена како културно наследство. Во турско нашите смееле да градат цркви само на местата каде што такви постоеле претходно, што оди во прилог на тоа дека постарата градба е црква од 9ти век. Доколку се земе во предвид богатото културно – историско богатство на Овче Поле, и цивилизациите кои живееле на овие простори во различни епохи, не би требало да не изненади доколку во овој регион се појават и постари градби од оваа. Црквата Свети Никола во Буриловци е една од најстарите зачувани еднокорабни средновековни градби на територијата на Република Македонија.

буриловци свети никола буриловци1 буриловци2 буриловци3 буриловци4 буриловци5 буриловци6 буриловци7 буриловци8фото – Народен Музеј Свети Николе

подготвил Никола Ристевски