Свети Никола Болнички во Охрид

Свети Никола Болнички е македонски православен христијански црковен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, на улицата Цар Самоил, помеѓу охридското пристаниште и Куќата на Робевци, веднаш наспроти црквата Света Богородица Болничка.

800px-Sveti_Nikola_Bolnichki_vo_Ohrid 1024px-Sv._Nikola_Bolnički_02

Изградена и живописана во 1313 година од непознат зограф. Црквата е еднокорабна со засводен полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија – преслица единствена во Македонија, изградена под влијание на приморската архитектура. За прв пат се споменува во еден документ за имотот на црквата “Света Богородица Перивлепта”. Во XV век на јужната страна од црквата дограден е параклис, од кој денес е сочуван апсидалниот дел со претставата “Причестувањето на апостолите”. Во дворот на оваа црква се наоѓаат остатоците од градските ѕидини, кои од Самоиловата тврдина се спуштале до самото езеро.

Leave a Reply