Tuesday, 21 November 2017

Псевдонимите и шифрите на Организацијата

Сама по себе си се јави нуждата да има взаемни врски и некако формално да се обедини таа одделна работа на комитетите. През распустот на учебната 1893 година, како што се веќе спомена, Даме и Пере заедно беа во Прилеп, Смилево, Ресен, Охрид — на гости божем кај Дамета во Смилево, кај Љапчев и Татарчев во Ресен, кај Филипчев во Охрид. Тогаш Солун се прогласува за централен град, а солунскиот комитет, на чело со Татарчев како претседател, за Централен комитет со Дамета Груев како секретар, Антон Димитров, учител по турски јазик (сега е член во апелациониот суд во Битола) и Хаџи Николов советници. Тогаш Даме прави краток проект за устав (правилник) и го распратува како проект само на најблиски — во Битола, само на Перета. Го прегледав и јас. Овај проект не се примени. Ц.К. во првото време уште не беше известен, беше почеток. Името му не беше уште разгласено. Немаше никаква наложителност. Трето обидување од Солун се направи да се распредели организацијата административно. Се сообшти оти таква и таква расподелба е направена, основана во главно со обзир кон покрупните личности: кај што имаше повидни дејатели, беше центар. И тоа беше едно од првите обидувања на Ц.К. да се установи како врховно тело. Тогаш се дадоа псевдоними на поглавните дејатели на пр. Марко — Ѓорче, Лефтер — Пере и т.н. Тогаш се почувствува нужда и за шифра. И во Солун и во Битола едновремено се изработија две шифри: се прими спрвин битолската шифра. Во основата му беше латинската азбука, за основа служи извесна реченица, што ја обфаќа по возможност целата азбука. Реченицата зафаќаше со Стамболов, та се викаше „стамболиката“. Примивме ред, штом некое писмо со една азбука се плени и се открие или штом некој од просветените пропадне и може да ја издаде, да се смени шифрата. И затоа до востанието до 9 шифри се сменија. Кога во 1897 г. дојдов во Софија како претставител на Ц.К. донесов и нова шифра за однос само меѓу Софија и Солун. После секој револуционорен округ имаше шифра за односи со околиите; специјална шифра за однос со четите и т.н. После и околиските раководители си составуваа своја шифра за споразумување со селата.

– од Спомените на Ѓорче Петров