Овчеполската котлина

Овче Поле или Овчеполие — котлина и област во средишниот дел на Македонија, источно (од левата страна) на реката Вардар. Во најголем дел Овчеполието влегува во состав на општините Свети Николе и Лозово.Најголемо населено место во областа е Свети Николе.

Теренот на котлината е главно рамничарски, со благи заридести делови во северниот и средишниот дел. Низ Овчеполието минува доста фреквентниот и важен магистрален пат Велес – Штип. На северо – запад Овче Поле е оградено со ниската планина Градиштанска Планина (861 м.), а на северо – исток со Манговица (741 м.). Помеѓу овие две ниски планини се наоѓа превојот Караула преку кој минува регионалниот пат Свети Николе – Куманово. На југ Овче Поле е заградено од ниските ридови Богословец (755 метри) и Иланџа (664 метри) кои го одделуваат Овчеполието од долината и долното течение на реката Брегалница наречено Слан Дол. Кон исток и запад Овче Поле е отворено кон Велешката и Штипската Котлина. Во овие граници Овчеполската котлина зафаќа површина од 670 км². Најголемата должина изнесува 32 километри, додека најголемата широчина по линија повлечена меѓу селата Врсаково на исток и Милино на запад изнесува 26 километри. Најниската точка се наоѓа во рамнината на котлинското дно кај селото Делисинци и изнесува 231 метар. Гледано во целина, во Овче Поле се издвојуваат три засебни географски предели, „поле“ односно алувијалната рамина со просечна височина околу 260 метри, ридестиот предел наречен „баири“ и рабовите по границите на котлината кој се нарекува „планина“.

Повеќе за Овче Поле на ЛОЗА (клик)

 

Leave a Reply