Monday, 20 November 2017

Обредот на кружното движење

Обредот на кружното движење во масонеријата се поврзува со древните мистерии. Тој се состои од формална процесија околу олтарот, а изворно алудирал на движењето на сонцето од исток кон запад. Во древните времиња свештениците во текот на церемонијата на жртвување вртеле три пати околу олтарот, пеејќи света песна поделена на три дела, а секој дел се пеел на одредено место во текот на процесијата.

Сличноста меѓу ваквата практика кај старите народи и читањето на извадоци од светите списи во масонското кружно движење е сосема очигледна. При изведувањето на кругот се сметало неопходно десната страна секогаш да биде кон олтарот, така што процесијата се движела од запад кон север, потоа кон исток, па југ, па запад и повторно кон север. Истиот обред го наоѓаме кај Римјаните, Друидите и Хиндусите. Во сите овие церемонии бил имитиран примерот на сонцето и било следено неговото благотворно движење.

– Масони – Бревијар за древното братство, издадена од Култура