Monday, 23 October 2017

Најстарата професија не е политика

Кога ги слушаме обраќањата на лидерите со различни епитети, нема како а да не се помисли дека тоа што го говорат всушност претставува порака од точно определени ентитети. Егрегорното влијание кое што секој разумен човек може да го увиди при набљудување на говорот на телото, гестикулациите и гримасите на лицата потврдува дека позади секое вакво обраќање постои слика која што пошироката јавност не умее да ја види. И покрај честите појави на јасен увид дека ниту ние сме еднакви, ниту пак првите се еднакви меѓу еднаквите , заговорот е навлезен толку длабоко што допира до самото секојдневие на живите Македонци. Цинизам, реализам или изопачена манипулација? Со векови постои оваа дебата, иако народот обичен како што е, обично не сака да верува дека кон него се однесуваат како кон стадо, аморфна маса, чии мисли како форма се обликуваат според планот на владетелите од сенка.

ancient illuminated seers of macedonia

Креирањето на јавно мислење, односите со истата таа јавност заедно со информирањето е уметност која што во борбата за популарност меѓу широките народни маси се повеќе наликува на бојно поле. Таму битките се безмилосни, a жртвите ги дава народот, затоа што оние кои што го водат всушност се први меѓу нееднаквите. Овде се појавува прашањето дали е подобро да си последен во рајот или прв во пеколот? Означувањето, обележувањето и дефинирањето на оние кои што јавно говорат за тоа што навистина го мислат и сеуште се надеваат дека човечкиот род може да увиди дека само преку самоспознание и трпеливост може да дочека посветла иднина, егрегорите го прават на безмилосен начин, сурово, како што се навикнати да се однесуваат на бојното поле каде што секојдневно водат битки за умот, душата и телото на секој од нас. Заговорници, теории на конспирација и неподобни за учество во тој животински поредок се само дел од начинот на кои што ентитетите се обидуваат да ги дискредитираат модерните сајбер- панкери, јуродиви на новото време кои древното познание го спојуваат со новата технологија,а нивните пораки одекнуваат толку гласно, што веќе е јасно од каде доаѓа игнорирањето на истите.

читај повеќе – Имагинариум на Лоза