Saturday, 20 October 3049

Мечката во македонската народна митологија

Мечката е споменувана во многу приказни и легенди на македонскиот народ. Забележано е обраќањето кон мечките со баба, тета, таа, она, а во некои краишта на Македонија – Менда. На мечката народот и припишува голема сила.  Тоа е бидејќи со помош на нејзината моќ може да го истера лошото. На некои места во Македонија се верува дека таа ноќно време ги заобиколува и чува куќите. Мечката чувствува кога ќе падне снег. Важна е нејзината улога во лекување на некои болести. Народот вели Од мечка козина да носиш, да не сонуваш соништа. Според народните верувања, мечката се капе во река на Благовец. Тогаш и се буди од зимскиот сон. Од тој ден слободно можат да се капат и луѓето, бидејќи водата е добра. Во западните краишта на Македонија, во првите денови на пролетта се изразени обредните делувања за плодност, поврзани со култот кон мечката. Маските од мечка се среќаваат на повеќе карневали во Македонија. Во Прилепско мечкарите на Прочка се канат на појадок. Од најстарите времиња, во мечката се гледало како на посредник меѓу небото и земјата. Во нејзина чест се празнува Свети Андреја на крајот на ноември. Во Гостиварско и Дебарско за време на Велигденските поклади мечката се кани на софра – Ела мечко на топеница – в лето да не ојш по пченица, Ела мечко вечерва на мазник, да не ојш по пченки налето. Во некои места на Македонија постои мечкина повојница…

– од Македонска Народна Митологија од Танас Вражиновски