Tuesday, 21 November 2017

ЛОЗА ви благодари за интересот во 2015та

Почитувани читатели, колку сте – толку сте, веројатно и токму сте. Ви БлагоДариме за интересот во 2015та година. ЛОЗА.мк постои повеќе од три години, и по неколку паузи, од февруари годинава повторно почна да работи. За тоа дали и колку квалитетна содржина сме Ви понудиле, ќе оцените сами. Околу 200 000 посети со скоро милион кликови по сајтот за помалку од година. Читавте извадоци од книги, поезија, интервјуа, слушавте македонска музика, гледавте видеа, пребарувавте во архивата, а некои од вас се задржуваа на страната и по неколку часови дневно. ЛОЗА не е на списокот на најпопуларни и најпосетени портали во Македонија, но барем успеа да го привлече Вашето внимание со содржини за кои што ретко има простор во современите македонски медиуми. Медиум = мед и ум. Имагинариум = и Маг и Нар и Ум. Се надеваме дека по календарската промена на годината и преминот во 16тата година од овој милениум Македонците ќе живеат подостоинствено и смирено, и дека ќе го зачуваат здравјето во хаосот во кој што се наоѓаме. Редот го создаваме сами. Да сте ни живи и здрави.

Од Уредникот на ЛОЗА

 loza