Tuesday, 21 November 2017

Тајното друштво на македонската револуција

На еден таен состанок на Лозарите, што се одржал на 19.06.1889 година во хотелот “Конкордија” во Софија, присуствувале Коста Шахов, Димитар Македонски, Г. Георгиев, И. Шумков, Ножаров, браќа Иванови, Ќузлиев, Мандушев и други, било дискутирано околу преземањето на натамошни активности, па во таа смисла значаен простор и бил отстапен на дискусијата за Александар Македонски.

Теророт во Бугарија против Македонците во 19ти  век посебно бил засилен во времето на бугарскиот премиер Стамболов. Во јавноста се малку познати отворените антимакедонски дејства на овој бугарски премиер. За настаните од времето на неговото владееве, во 1902 година непотпишаниот Коста Шахов во в. Македонија меѓу другото сведочи:

Во негово време во Софија се издаваше весник ,,Македонија”. Штом редакцијата свика на собрание неколкумина од првенците меѓу македонската емиграција во хотелот ,,Конкордија” со цел да се покрене една поширока дејност, Стамболовата влада ги заплаши учесниците на тоа собрание со екстрадирање во Турција и им ја покажа дупничката граница преку весникот ,,Свобода”.

Ги натера престолничките пожарникари да ја заплашуваат Редакцијата со растураве на печатницата и со тепање на редакторот, кое… се сврши so запечатуваве на печатницата по административен пат и со затворање на еден од соработниците на таа редакција. На крајот од 1889 година во Софија се формира ,,Македонска заемоспестовна каса”.Тогашната влада и против неа ги пушти пожарникарите… Некои од членовите ги заплашија, го отпуштија прецедателот од Министерството за надворешни работи, ја разнебитија. Во продолжение е опишано и растуравето на Македонското благотворно друштво, како и забраната за одржување митинг на Македонците во Софија. Несудениот организатор на овој митинг бил уапсен и интерниран. Токму во тоа време група млади македонски интелектуалци во Софија формирале асоцијација што ја нарекле “Млада македонска книжовна дружина“ . Оваа Дружина понала да го издава списанието Лоза. Меѓутоа, и нивната работа била запрена од страна на експонентите на Стамболовата влада. Еве што пишува за нив во спомнатата статија непотпижаниот автор: Подоцна неколку младинци од студентите Македонци формираа Млада македонска книжовна дружина што почна да го издава списанието ,,Лоза”. Владата на Стамболов презеде се за да ја убие и неа. Членовите на дружината ги прогласи за сепаратисти, еден од нив изпрати во прогонство во Луковит, двајца затвори во Софија, другите ги избрка и на тој начин дружината беше разбиена – ја уништија. “