Легализација на канабис за медицинска употреба – кои се придобивките а кои ризиците?

legaliziraj

1. Заостанува ли Македонија во искористувањето на здравствениот и економскиот потенцијал од употребата на канабис во медицински цели?

2. Дали пациентите со сериозни болести како канцер, мултиплекс-склероза, епилепсија, леукемија и други ќе можат наскоро да ги користат предностите на третманот со канабиноиди?

3. Има ли ризици или негативни последици од легализирањето на канабисот?

Гости говорници:
д-р Нико Беќаровски, Универзитетска клиника за токсикологија, Клинички центар Мајка Тереза – Скопје.

Џон Илија Апелгрен, музичар и бизнисмен, активист за легализација

Јанаки Митровски, адвокат

Др Дарко Костовски, Центар за зависници

„Отворено“ овозможува дискусија меѓу поканети говорници и публиката за важните прашања кои не се доволно аргументирани во јавниот дискурс. Секоја дебата ќе обезбеди дискусија на нова тема, за кое ќе дебатираат четири јавни личности и публика составена од експерти и заинтересирани граѓани.

ТВ Дебатите се проект на Националниот демократски институт во соработка со 24 Вести, Томато Продукција и Младински образовен форум, Млади Европски Федералисти на Македонија, финансиран од Националната фондација за демократија (НЕД).

Leave a Reply