Tuesday, 21 November 2017

Велико Моравската Мисија

Потеклото на Глаголицата (4 дел) – Велико Моравската Мисија

veliko moravska misija

Средновековната прославеност на Глаголицата беше реэултат на длабока и квалитетна книжевна реформа која се претвори во сеопшта културна ренесанса во Македонија и пошироко. Преку спонтано описменување таа повторно ја возонесе светлината на човековата мисла кај народот во тие мрачни времиња. Тоа беше истотака, во време на големите достигнувања во источната Ромејска империја, управувана од Македонската династија, ера позната на историчарите како ‘Златно време’ на Константинополитаната Нов Рим (кратко Константинопол).

Главниот придонес за пошироката популаризација (не измислување!) на Глаголицата е заслуга на двајца браќа, “Апостолите на Словото Божјо” како што биле наречени – Светите Кирил (Константин) и Методиј. Приказната за нивниот живот и дело допре до нас преку биографиите на овие светители, Житие Константиново и Житие Методиевo. Од овие извори дознаваме како во 863 г. принцот на Велика Моравија Растислао побара од царот и патријарх на најголемиот христијански центар во Константинополитаната Нов Рим, да се испрати епископ и учители кои ќе им ги донесат на неговите поданици буквите и писмото на нивни јазик, со цел да се прошири учењето и зборот божији меѓу нив. Ова барање, кое пристигна до Ромејскиот император од релативно далечна држава, се должи на непрестојните ‘напади’ на мисионерите од латино-немачката црква, кои вршеа притисок за присвојување на Македонското говорно население од Велика Моравија (денешна Чешка , Словачка, делови на Австрија и Германија) во Католичкиот црковен обред, а со тоа и во нивната немачка сфера на влијание. Така принцот Растислао испрати амбасадори до Ромејскиот император Михаил III со молба за “епископ и учители” да бидат испратени во Велика Моравија да проповедаат на нивниот јазик. Царот Михаил III сфаќајќи ја неочекуваната можност, веднаш го повика Константин, Македонски cловен (т.е. ‘образуван’) од Солун, чии исклучителни интелектуални и дипломатски способности, теолошка посветеност, и јазични таленти биле веќе докажани во мисиите кај Сарацените и Хазарите.

Константин бил помлад од двајцата браќа, роден во 826 или 827 г., додека Методиј е роден околу 815. Нивниот татко, Лев, беше „Другар“ (лат. ‘Drougarios‘), висок воен претставник во Ромејскиот град Солун. Браќата биле добро образувани. Методиј беше неколку години Ромејски управник во областа на Солун, и се замонаши во најважниот Ромејски манастир на тоа време, на планината Олимп во Мала Азија. Тогаш тој беше назначен за кралски регент и епископ во една од најстарите кристијански заедници во Македонија, епископијата Брегалница. Таму тој поучуваше и проповедаше од 845 до 855 година. Житието на Методиј, наведува дека заедно со својот брат, кој го посетил, го ширеле кристијанството по течението на реката Брегалница. Константин потоа оди да студира во Царската “Magnaura” Академија во Константинополитаната Нов Рим, која беше предвидена за обука на оние кои се наменети да служат во царската администрација. Во прво време, Константин станал ѓакон и бил назначен за библиотекар на патријархот во библиотеката на Св. Софија, но подоцна станал професор по филозофија на Универзитетот во Константинополитаната Нов Рим. Двајцата браќа патувале како емисари и мисионери во неколку области кои граничат со Ромејската империја. Со своето образование, дипломатско искуство, познавање на јазици и блискост со Патријархот, тие беа природниот избор како “учители” какви што бараше принцот Растислао.

Непосредно пред неговото заминување Константин состави поедноставена азбука (“сложи писменах‘) и почна да преведува различни псалтири и свети книги во оваа нова Македонска азбука. Многу подоцна, долго после неговата смрт, оваа азбука составена од него го добила името по неговата монашка титула “Кирил” – “Кирилица“. Но, иако историјата на Моравската мисија ни кажува за создавање на само една азбука, постоеле две азбуки, Глаголицата и Кирилицата. Општ консензус во врска со прашањето на првенство меѓу Глаголица и Кирилица е дека првата е постара. Поради недостатокот на документиранa хронологија овој факт е изведен преку анализа на јазикот од Глаголичните ракописи, којшто е недвосмислено поархаичен од онoj на кирилица.

На Велико Моравската мисија Константин беше придружуван токму од неговиот брат Методиј, монах добро обучен во јавните работи, со оглед на неговото административно служење во Брегалничката епархија во Македонија. Значајно е да се напомене дека царот го оправда својот избор со зборовите: “Вие двајца сте од Солун, a сите Солунчани зборуваат чисто Maкедонски.” (Вита Методиј, ch.V) Браќата пристигнаа во Велика Моравија, кадешто со радост биле примени на дворот на Растислао во Велеград, и се посветиja на мисионерска дејност меѓу луѓето од таа земја. Константин наскоро преведе суштински литургиски текстови на Македонски, но, работата на браќата ппредизвика значаен отпор од страна на соперничките (Немци или Франки) свештеници, кои ја застапуваа шовинистичката доктрина дека “Бог може да се слави само на трите свети јазициеврејски, cептуагинт и латински.” По престојот од повеќе од три години во Велика Моравија браќата одлучиja да се вратат (веројатно во Источнo ромејскотo царство), со цел нивните ученици да може да бидат осветени свештеници. патувањето ги однелo преку Панонија (денешна Западна Унгарија), каде што беа примени со голема почест од Коцел, чeлник на локалната заедница (без сомнение денешните Словенци). Некои пеесет ученици од поданиците на Коцел ќе ги придружуваат, кога тие го продолжиле своето патување. Тие запреa на некое време во Венеција (каде што е Константин мораше повторно да ja брани својaтa литургија на народен Македонски јазик во една расправа со локалното свештенство) и доби покана од папата Николај I да го посети во Рим. Без оглед на црковната политика која го навело да ги покани, се чини дека поканата од папата беше спремно прифатенa.

Светите браќа пристигнаa во Рим кон крајот на 867 или почетокот на 868 г., зa да бидат примени со голема чест и свеченост од страна на папата Адријан Х (наследник на Николај I кој починал на 13 ноември, 867). Литургијата на Македонски доби папски благослов – Житие Константиново ни кажува дека на беше испеана миса за Свети Петар на Македонски, и Велико Моравските и Панонските ученици на браќата беа осветени во свештеници. Константин никогаш нема да ja види Велика Моравија повторно. Се разболе и, чувствувајќи дека неговиот крај се приближува, се замонаши и го доби името Кирил. Пеесет дена подоцна, тој почина, оставајќи на Методијa да ја продолжи нивната мисија (Житие Методиево, гл.VII).

Итноста на оваа задача беше истакнатa од пораката на Панонскиот челник Коцел, кој побара од папата да дозволи Методиј да се врати во Моравија. Оваа дозвола е дадена во папска була (чиј текст е сочуван на Македонски во (Житие Методиево, гл.VIII) не само на Коцел но и на двајца Моравски принцови Растислао и Свентоплук. Овој документ дава јасна санкција за користење на литургијата на Македонски, cо едeн услов – Послание и Евангелието да се читаат прво на латински, а потоа на Македонски. По кратка посета на Панонија Методиј повторно се вратил во Рим со цел да го освети архиепископот на Сирмиум (денешен Срем).

Така папата подржуваше oживување на провинцијата по Хунските инвазии во шестиот век, и активностa на Методиј доби уште еден значаен белег co папските одобрувањa. Авторитетот на Методиј се протегала на Панонија и, може да се претпостави, истотака на Велика Моравија; ова го доведe во директен судир со баварскитe епископи од Пасау и Салцбург, кои таа иста територија ја сметаа эа нивна. Овој конфликт ја достигна својата кулминација во 870 и 871 г., во време кога еден од заштитниците Методиј, принцот Растислао, бил симнат од престолот од неговиот внук Свентоплук, предавник кој соработуваше со франките. Методиј беше изнесен пред суд од страна на епископите на Салцбург, Фрајзинг и Пасау за узурпирање на нивниот авторитет, и бил затворен во Немачка на две и пол години. Во 873 г. новиот папа (Јован VIII) станал свесeн за ситуацијата и инсистираше на ослободувањето на Методиј, кој, непоколебан од лошите искуства, ja продолжи неговата работа во Велика Моравија. Околностите сега повторно го фаворизираa, a Свентоплук вртикапата co неговите луѓе повторно ги истераa немачките свештеници (Житие Методиево, гл. X). Сепак немачкото влијание и опозицијата против Македонскaта мисија беa само привремено замолчени: во 879 г. папата Јован VIII бил наговорен да ja забрани Литургијата на Македонски (cо булот ‘Predicacionis tuf’). Но, Методиј беше во можност cо уште една посета на Рим да се изјасни со успех за неговиот случај, и новиот папски бул (‘Industrie tue’) упатен до Свентоплук во јуни 880, повторно ja врaти литургијата на Македонски под истите услови како и пред тоа.

По последното патување кон ромејскaтa империја (веројатно во 882 г.) Методиј се вратил во својата епархија. Меѓу активностите на последните години од неговиот живот беше завршување на работата на преведување, што беше започната за време на животот на неговиот брат. (Житие Методиево, гл. XV) според Житие Методиево двајцата браќа заедно преведoa Псалтири и Новиот Завет (со исклучок на Откровението); сега со помош на двa секретаи (“Два попа скоропишаше ѕелo“) Методиј понатаму ги преведе сите книги на Стариот Завет, освен на Макавеите, како и Номоканонот и Патерикон. На 6 април 885 г. Методиј умре и беше погребан во Соборниот храм во Велеград, главниот град на Велика Моравија.

Делото на Методија во Велика Моравија не преживеa долго по неговата смрт, немачкото лоби ја доби превластa. Папата Стефан V веднаш ja забрани литургијата на Македонски и странски свештеник Вичинг бил поставен за наследник на местото на принц Горазд кој беше назначен од самиот Св.Методиј. Во децениите што следеа Македонската литургија и Глаголицата беа брутално заменувани со латински-католички обреди, особено по Големата Шизма од 1054 година, којa го подели кристијанството во источнa и западнa црква. Македонската литургија и Глаголицата продолжиja да се користат во Католичката црква само во некои делови на Хрватска.