Monday, 25 September 2017

Масон фатен во објективот на Манаки

Во Државниот архив, подрачно одделение Битола, се чува фотографија архивирана под наслов Претставник на Евреите во Битола за време на Младотурската револуција (1908ма година). Записот е направен според изјава на Милтон Манаки при превземањето на неговиот фото и кино материјал од страна на архивските работници во 1961ва година. Името на човекот кој врз себе има лента со масонски ознаки не е забележано.

При споредба на оваа со други фотографии, со сигурност може да се потврди дека се работи за доктор Аврам Балабан, лекар, хирург и гинеколог кој работел во Битола во почетокот на 20от век.