Tuesday, 21 November 2017

Соновникот на Марко Цепенков

Толкување на соништа од Марко Цепенков

1. Ако видиш во некоја куќа многу волна, во таа куќа ќе умри некој чоек бездруго.
2. Ако видиш некого да падни во бунар, ќе се поболи.
а) Ако видиш некоја грда жена да носи некое дете за рака и да носи волна, тоа дете ќе се поболи и можи да умрит.
3. Ако је обружан аскеро, кавга дома ќе имаш.
4. Ако расипиш некој ѕид пред некоја врата, ќе ти се отвори некоја работа.
5. Ако се бакнуаш на сон со некого уста со уста, ремата ќе те вати.
6. Ако се видиш гологлав, ќе си останел вдоец, или вдоица, ако си жена.
7. Ако се видиш да стоиш до некоја кијаница коноп праена, и да скини некој од конопта некое парче, та да го запалиш и да ти го даит парчето тебе в рице, а пак ти да ја земиш запалената коноп и да ја стуткаш в рака, после да ја пикниш в пазуа, големо богаство ќе добиеш.
8. Ако се видиш облечен со ново алиште, ќе се патиш за некоја убаа работа.
9. Ако се видиш оти си умрел, многу ќе живееш.
10. Ако се мачиш (трудиш) на сон, ќе се раататисаш.
11. Ако се ожениш, не ќе се жениш за многу време.
12. Ако си болна и да сонуаш на сон, како да си ошла кај некоја пријателка во некој друг град, и со твојте пријателки да излезиш од градот надвор, та да се прошеташ со нив по поле и ти сама да се вратиш назад, болеста ќе ја испратиш и ќе оздравеиш и за многу време болес не ќе видиш.
13. Ако сонуаш да се треси земја толку силно, што дури тавано на куќата да се наведуа на земјата, утрото ќе чуеш да падни некој голем чоек од честа што ја имал на сила добиена, или од родо твој, или од некој верен пријател.
14. Ако сонуаш да ти даит некој некое алиште кроено од бел шајак, ќе си добиел голема чес.
15. Ако ткаи на сон некоја жена модар шајак на разбој, ќе тргала долг пат и кај што ќе одела, големи страданија ќе тргала.
16. Ако ти дојди жена и пак си оди, болес ќе дојди и ќе си појди; а пак ако ти остани дома, и болеста ќе ти останела. А пак ако ти седни и чорапи да си плети, болеста за век ќе ти останела; а пак ако ти дојди во постелата, лоша болес била.
17. Ако ти се земи некое дете на сон од дома и да ти се донеси на село, а пак ти да појдиш по него и да си го земиш и да си го донесиш дома, претскажуа, па оти детето ќе ти се поболело и па ќе ти оздравело.
18. Алтани да сонуаш клаени во твојте кондури, ќе си патуаш надалеку и ќе го добиеш тоа што го мислиш.
19. Алиштата твој да му ‘и даиш на некој чоек, ќе оздравеиш ако си болен, и тој што ќе ти и земи – ќе се поболи.
20. Алиште да ти сакат некој умрен, ќе ти умрит некој.
21. Анка да ти дојди на сон пребулена, ќе те стреси; ако ти е помината треската, па ќе ти дојди.
22. Аскер ако видиш на сон, ангелите ти се преставуваат.
23. Биолица да видиш, сенка ќе те најавнит.
24. Бисер да нижиш – ќе плачиш.
25. Благо да јадиш, горчливи зборои ќе слушаш.
26. Боја ако си клава на косата некоја жена, гајле ќе има, ем големо гајле.
27. Боја на глаата да си клаваш, големо гајле ќе имаш.
28. Буби да раниш, ќе умрит некој.
29. Веѓите ако те јадат, ќе се страмиш.
30. Венец на глаа да носиш, домаќин арен ќе видиш.
31. Вино да пиеш, здравје ќе добиеш.
32. Вино да пиеш, здравје ќе имаш.
33. Владика, али поп, да ти дојди дома, ќе ти се опиел некој од домашните и ќе ти напраи триста лошотии. Владика и поп – и за ѓаоли се веруаат.
34. Владика да видиш, големио ѓаол бил.
35. Во вода да се видиш пропаднат доколена, малце ќе се поболиш; ако се видиш до гуша пропаднат, лошо ќе се поболиш; а пак ако се видиш сио пропаднат, можи и да умриш, ама ако је матна водата; а пак ако је бистра, ќе напредуаш во здравјето, као што кажав погоре.
36. Вода да лејш, пари ќе земаш, ама пак ќе и дајш.
37. Во кал да газиш, ќе се поболиш.
38. Во кочија да се војзаш, ќе се караш.
39. Во лајна да газиш, ќе се поболиш.
40. Волна да гледаш, душа од умрен.
41. Во некој голем куп чавки да врлиш со камен и да отепаш една од чавките и да ја ватиш да ја заколиш, ќе појдиш при мнозина луѓе кај што ќе бидат собрани, та ќе кандисаш едного од тие луѓе за да ватите некоја работа и да добиете со многу печала.
42. Вошки ако си видиш на сон да те опојале, пари многу ќе спечалиш без голема мака.
43. Глаа да си миеш, гајлето ќе ти одмини.
44. Грозје да видиш, ќе врни дож.
45. Грозје да гледаш на сон непара здрело и растурено низ лозје и да одбираш од него да зобаш, преткажуат снег да заврни; ако е во зимно време, и една мала болес ќе те вати, ама со помин ќе ти бидит.
46. Грозје да имаш в пауза сосе прачката и шумата и да вадиш од пауза да јадиш, а во истото времо да ти се јави некој умрен чоек та да ти посакаод грозјето за и тој да јади, тоа покажуало: ако си болен, ќе оздравеиш – ама ако раздаиш од грозјето за душата на умренио.
47. Да видиш на сон некој чоек или пријател да носи на глаата широк фес, некое големо гајле ќе му дојдело на глаата на тој чоек.
48. Да врвиш по некој штици што се клаени покрај некој ѕид како мос, одејќи по штиците, тамам во стредето да се скрши некоја штица и да падниш удолу; а пак, паднуајќи, многу да се уплашиш, чунки удолу многу длабоко ќе гледаш, и, паѓајќи, да се ватиш за нешто и да се избавиш, во истото време луѓе да те гледаат и ќеф да праат коа ќе паѓаш, а коа ќе се куртулисаш, да се оскорбат луѓето, кажуало оти ќе изгубиш некоја работа од раце, и ќе ти се радуаат душманите, арно ама со некој пријател твој пак таа работа ќе си ја добиел.
49. Да копаш земја, болес ќе добиеш; ако копаш земја од некоја друга куќа и кај тебе да а носиш, ти умри некој од куќата.
50. Да леташ, богат ќе бидиш.
51. Да плачиш и алтани да земиш од некој твој пријател, ќе си се радуал деше и ќе ти таксуа некое добро некој твој чоек.
52. Да се видиш на сон со пушка на рамо и јавнат на коњ да врвиш како низ некоја чаршија и да видиш твои пријатели да стојат еден до други просто и еднио да се смеи, другио да плачи, од двата еднио ќе умрел.
53. Да се жениш, ќе се радуаш.
54. Да се испосериш, ќе се поболиш.
55. Да се караш со некого, ќе се спријателиш.
56. Да се качиш на некоја висока скала за во некоја куќа и тамо да се разбудиш од соно, – ако си имал некоја мачна работа да ја вршиш, ќе ја свршиш, при се што многу ќе се мачиш.
57. Да се качиш на некој висок чардак, ќе спечалиш нешто.
58. Да се мажит некоја жена на сон и да и даит мажот некое алиште, а таа да го слечит и да му го пратит на мажот,ќе оздравела од некоја болес што имала.
59. Да се мачиш да излегуаш од некоја куќа со страв голем, чекај си некоја голема кавга од домашните.
60. Да се најдиш вкачен на таван и, слегуајќи од таван, да ти се преоречи снег дебел, та да го пробиеш снего врлајќи големи грумаци од снего, – ќе ти се отвори голем алашвериш и што ќе продаиш, со бел образ ќе излезиш.
61. Да се опашуаш на сон со некој ќемер, а во ќемеро да има на две места собрани пари, ама ти да и мислиш оти се алтани, утрото чекај си некој душман да ти фрла ивтирија тебе и на некој другар твој. Арно ама ивтиријата не ќе му вати место на тој што ќе наклевети, и ти со другара ти ќе излезиш со бел образ.
62. Да се чешлаш, гајле големо ќе имаш.
63. Да слегуаш од некоја висока и страшна скала, ќе чуеш лоша брза умирачка од некој свој чоек оддалеку.
64. Да сониш некое Турче и да те бара ѓоа да ти најди нешто во пазуата али во џепоите, покажуало книга ќе дојдела радосна од туѓина и пари.
65. Да пејш песна, ќе се караш.
66. Да прерипаш преку ѕид, ќе ојш во друг град да живеиш.
67. Да те бацуат умрен чоек на сон, ја ти ќе се поболиш ја некој свој чоек во куќата.
68. Да ти дајт некој сливи зелени да и јадиш, утрото чекај си лоши зборои од некој свој чоек, или ќе си се поболел.
69. Да цапаш низ некој растопен снег од југо и да го прецапаш, ќе ти помини едно премреже преку глаа.
70. Двајца луѓе од камен да видиш, едно до друго да стојат и еднио како да оживи, и да му ја удрит глаата на другио и од удруањето да му паднит од рамене,
71. Ракија да пиеш, гајле ќе збираш.
72. Ракија да пиеш, гајле ќе имаш, а пак ако наповаш другега со ракија ќе ти се одимнело гајлето.
73. Река да прегазуаш на сон, ќе се поболиш.
74. Река да течит и да му подааш стапче на некого да се ваќа за него, та да го пренесиш отааде река, ќе го избавиш од некое големо зло.
75. Река низ куќи да ти течит, ќе се обогатиш.
76. Риби да ваќаш, ќе вати голем мраз.
77. Сарми ако јадиш, ќе се скараш.
78. Свиња да имаш врзана со долга ортома, и да ти куртулиса од раце, ќе ти избегала некоја лоша работа што си а имал и си а неќел.
79. Свињи многу да видиш, студ голем ќе вати, или голема кавга и ѓурултија ќе имаш со луѓе.
80. Селанка ако ти дојди дома, болес ќе ти дојди.
81. Слатко нешто да јадиш, лоши зборои ќе чуеш; а пак горчливо нешто да јадиш, арни зборои ќе чуеш.
82. Со деца ако ти дојди некоја жена дома, болес ќе имаш во мнозина во куќата.
83. Со кожув покриен на глаата да се видиш на сон зијан ќе сториш и гајле ќе бериш.
84. Со мустаки да се видиш или со брада, некое гајле големо ќе имаш.
85. Со оружје да се видиш на сон, ќе се обогатиш.
86. Со познати мртви да се видиш, жалаат тие за тебе.
87. Со прекрстени раце да ја видиш некоја жена да стои на сон, ќе и умри некој чоек.
88. Со секирче да те сечат и да не те боли, ќе ти умри некој свој чоек, ама не ќе ти биди жал.
89. Со умрен да се разгоараш, абер ќе чуеш за умирачката на некој пријател.
90. Стар чоек даго прегрнуаш на сон или тој тебе да те прегрнуат, болес ќе те вати или те ватила.
91. Стол да носиш на рамо на сон и да го носиш некаде, без да знаиш кај ќе го носиш, тоа покажуало оти ќе си се преместел од едно место на друго.
92. Црно алиште да носиш, ќе се поболиш.
93. Чад да видиш,ќе се оскорбиш.
94. Чатијата од куќата ако ја оцкриваш, ќе му умри мажот на жената, и напротив.
95. Чевли да обуеш на сон, ќе се жениш.
96. Чевлите да ти заганат, вдоец или вдоица ќе останиш.
97. Чешма да ти течит дома, ќе се обогатиш.
98. Шајак бел да видиш, пат ќе тргаш.
99. Шајак црн или модар да видиш – патуање нестреќно.
100. Умрен некого да видиш, смртта му умирала.