Tuesday, 21 November 2017

Резонантната комора под геоглифот во Овче Поле

По веќе објавениот научен труд Археоакустични анализи на древната Канда кој што дава извештај за првиот дел од мерењата во Овчеполието, направени со интердисциплинарни методи и поддржани од локалните истражувачи, а минатата година беше презентиран на Третата Виртуелна Меѓународна Конференција за Напредни Истражувања во Научните ОбластиARSA 2014 во Словачка, на конференцијата оваа година ќе биде објавен втор научен труд поврзан со археоакустичните истражувања во Овче Поле.

geoglyph kanda ovce pole sveti nikole macedonia

Од научниците кои што определуваат кои научни трудови се публикуваат на виртуелната конференција, текстот бил оценет на високо ниво заради методологијата, содржаните информации и начинот на кој што е составен. Четвртата научна конференција Напредни Истражувања во Научните Области ARSA ќе се одржи од 9 – 13 ноември годинава. Овие археоакустични неинвазивни мерења беа први од ваков вид во Република Македонија. По неодговореното барање од годинава, и во овој научен труд се бара дозвола за дополнително истражување со веќе обезбедениот гео-радар од SB Research Group. Така би се потврдиле досегашните резултати, а и би се добило увид за недеструктивно и внимателно отварање на резонантната комора под мистичниот геоглиф.

sbrg kanda sci team geoglyphЦелиот текст ќе биде достапен на официјалната страна на SBRG по одржувањето на конференцијата. www.sbresearchgroup.eu

претходно – Резултати од мерењата на геоглифот во Овче Поле

Повеќе за геоглифот на ЛОЗА (клик)

Градот на Свети Никола и Овче Поле (клик)