Тимоти Лири

ТИМОТИ ЛИРИ се родил на 20 октомври 1920 година, во Спрингфилд, Масачусетс. Неговите родители, Сер Тимоти Лири и Абигал Ферис биле Ирски католици, но потекнувале од екстремно различни социјални контексти.

Семејството на мајка му Абигал било традиционално, ориентирано кон семејството, сомничаво кон сè што е забавно, лекомислено, невообичаено. Тие биле сурово моралистички и фанатично религиозни. Во нивната куќа владеела недоверба кон мажот и сексуалноста. Неможам да се сетам ниту на еден момент на опуштена веселба.

Семејството на татко му било топло, сочно и многу различно од она на мајка ми. Лириеви беа урбани, секси, ентузијастични, ориентирани кон себе и љубители на забавата. За еден Лири, индивидуата е она што е важно и колку нешто е подрско, толку е подобро.

Научната кариера на Тимоти започна со Интерперсонална дијагноза на личноста / The Interpersonal Diagnosis of Personality, 1950 година, прогласена за најдобрата книга на годината од Американското психолошко здружение. Тој е автор на повеќе од триесет книги во кои пропагира контроверзни политички и научни идеи.

Неговите експерименти со психоделиците во 1960 година беа прогласени за штетни и во 1970 год. Лири беше затворен и осуден на 37 години. Откако беше ослободен во 1975 год., интензивно работи во полето на компјутерски дизајн. Работел со Epix, Elektronic Arts, Activision и Auto – Desk и настапувал на Ars Electronica во Австрија и Ciberthon во Сан Франциско, во 1990 година, потоа на Worldcon во Чикаго 1991, и Dragon Con во 1992. Лири иднината ја гледа како време во кое виртуелната реалност ќе ги елиминира патувањата и луѓето ќе комуницираат преку ТЕЛЕПРИСУСТВО.

 

Лири имаше харизматична појава, теле или не, не му беше непозната сцената, екранот, ниту студиото. Напишал и играл во бројни презентации и продукции (Turn On, Tune In, Drop Out; Chang’s Nice Dreams; Hard Knocks; Showscan; Medium Rare; Detal Skies…) Снимал со Џон Ленон и со Џими Хендрикс. Служел војска, се кандидирал за гувернер во Калифорнија. Дизајнер е на интерактивните компјутерски програми (Mind Mirror, Life Adventure, Head Coach Master Mind и Neuroromanser), како поп икона на Американската авангардна мисла самиот е субјект на многу статии, приказни и секојдневни разговори.

текстови од Тимоти Лири (клик)

 

Leave a Reply