Monday, 23 October 2017

Омраам Михаил Иванов

Михаил Иванов е роден во селото Српци близу Битола во 1900та година.

Михаил Иванов на 11 годишна возраст, фотографија со мајка му и брат му

Во 1917та во Варна го сретнува Учителот Петар Днов.

Учителот

Од тогаш Михаил Иванов станува негов ученик и почнува да ги посетува лекциите на Учителот.

Михаил Иванов (четврти од лево) со Учителот

Од 1937ма година живее во Франција. Неговата основна задача е да го популаризира Учењето.

На 29ти јануари 1938ма ја изнесува својата прва лекција во Salle de Luxembourg во Сорбона, Париз. Во 1939та кај Учителот доаѓаат група француски интелектуалци. Еве што споделуваат:

Пред неколку години еден од вас дојде во Франција за да ни донесе едно соопштение, за какво што веруваме дека малкумина на земјата имале можност да слушнат. Би сакале да испратиме убави мисли и длабоко признание кон тој брат, за сите убави нешта кои ни ги донесе. Откако ја видовме Рила, откако го посетивме Изгревот, знаеме дека сето она кое беше кажано од него е една голема стварност. Учителу, ние сакаме да ви ја искажеме нашата длабока благодарност за сите благослови кои ги излеавте врз нас. Ви благодариме од сесрце затоа што во Франција ни испративте еден од Вашите ученици – Михаил Иванов.

Во периодот од 1937ма до 1959 Михаил Иванов изнесува поредица од лекции во Франција.

На 11ти февруари 1959та заминува за Индија, каде што се сретнува со различни Учители. На 17ти јуни 1959та е неговата прва средба со Бабаџи, истиот Бабаџи за кој што Јогананда говори во својата книга Автобиографија на еден јогин. Од Неем Кароли Баба го добива името Омраам.

По враќањето од Индија продолжува со лекциите, главно во центрите Севр и Бонфен. По 1967ма година започнува серија на патувања со цел да го популаризира Учењето.

Посетува многу земји и се сретнува со државни раководители. Во 1981ва година пристига во Бугарија по покана на тамошната влада за прославата на 1300та години од создавањето на Бугарската држава.

На 25ти декември 1986та го завршува својот земен пат.

Омраам Михаил Иванов на ЛОЗА (клик)