Monday, 19 October 8296

Ексклузивно интервју со Владо Павлов

Здраво живо г-ине Павлов. Ви благодарам за овозможената прилика за интервју. Во македонската јавност подолго од деценија сте познати по истражувањата кои ги вршите на ваш специфичен начин, но и по обзнанувањата на ретко достапни информации, а и неколку ваши книги.

11220929_904092266348803_3490548239300588565_n

Што ве поттикна да го истражувате минатото на Македонија и дали врз тоа има повлијаено некое мистично или парапсихолошко искуство?

Поздрав до Вас и до сите ваши читатели! Задоволството е и мое што се роди интерес кај Вас, кој секако ќе биде понатаму пренесен кај читателите на Лоза и цврсто верувам дека во сегашно и идно време интересот ќе се зголеми уште повеќе и ќе предизвика уште поголемо љубопитство за ,,забранетите теми“ кои многу долго време беа затајувани од генерации и генерации наназад – посебно затајувани од македонскиот народ, пред се поради реалниот страв да не се дознае ПРАВАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.  Токму така како што кажавте, професионално со истражување се занимавам повеќе од една деценија и токму тоа е мојата животна мисија и визија. Тој специфичен начин на истражување како што Вие го нарекувате, јас би го нарекол детекција со помош ма третото око, како и детекција на книгите кои ги читам. Сите тие истражувања детално ги анализирам, а потоа правам синтеза и симболично ги складирам во т.н. фајлови, кои во соодветно време ги поврзувам едни со други, добивајќи посакувана долго прикривана вистина. Она што го увидувам, го споредувам со долговековната ,,пласирана историска вистина“ која според мене е лажна и креирана со цел да задоволи туѓи немакедонски потреби. Во текот на историјата, направени се многу фалсификати, според кои цели територии се пренесувани од една во друга држава и бидејќи нема совршена лага и совршен фалсификат, мојата детекција насочена кон вистината ја пронаоѓам многу едноставно и лесно. Моите знаења и информации за историските откритија се ретко достапни за телевизиските куќи и јавните медиуми во Македонија поради сеуште присутниот страв и отпор од вистинската вистина и тоа не ме загрижува. Среќен сум што можам да кажам дека достигнатите знаења се достапни насекаде за сите оние кои имаат желба и можат да се соочат со правата вистина, кои можат истата да ја прифатат и понатаму да ја пренесат, наспроти премолчувачите пред вистината. Доказ за ова е мојот профил на facebook каде може секој да дојде до моите истражувања и да ја дознае вистината во доза онолку колку што сака и може да ја прими. Исто така, за оние кои не се задоволуваат само со пишаниот збор и имаат потреба од мене како директен наратор, кои сакаат да дознаат нешто повеќе, секогаш се добредојдени во храмот Еремија во Кочани, каде секогаш се отвараат различни и интересни теми. Храмот Еремија беше голем поттик за преработување и проширување на моето второ авторско дело во трето авторско издание ,,Исус Македонецот– крал на кралевите – цар на царевите“. Исто така, информациите поврзани со вистината се константно достапни и на моите трибини, кои се организирани низ цела Македонија, како и организираните посети на пирамидите за кои постои голем интерес и посетеност.

Секој оној кој чувствува дека е македонец, треба да ги истражува своите корени, да истражува во својата земја и пошироко, да трага по својата лична историја и историјата на својата заедница, да ја осознае вистината за својот постанок и понатамошно делување и сето тоа да го прави за самиот себе, а доколку е во можност и несебично да го споделува и со останатите љубители на вистината. Најголема инспирација ја имав во 2005 година на 23 Јули, кога по повод роденденот на Александар започнав со организација на манифестацијата ,,Крал на Кралевите, Цар на Царевите“ и кога истата таа година како дар од Универзумот го пронајдов Грифонот во подземна пирамида – која сеуште не сум ја обелоденил и ја чувам во тајност. Сето ова ми беше доволна инспирација за да преминам од хоби кон професионално занимавање со археологија и историски истражувања.

Од кога почнавте да пишувате и колку книги имате објавено до сега?

Почнав да пишувам многу одамна, уште од кога сите мои податоци кои ги добивав ги складирав во една папка, која знаев дека еден ден ќе ми послужи, и се случи токму тоа. Неколку години подоцна односно во 2005 решив сето ова да го соберам во една книга и така излезе моето прво дело кое беше дополнето со неколку информации за грифонот пронајден во Кочани. До сега имам издадено две книги со наслов „Вистината за Македонија поврзана со гробот на Александар во градот на медот“ и ,,Исус убиен во С-Копје Македонија.“

Третото дело е веќе авторизирано и во тек е неговото печатење, а преставува проширено, преработено издание со измени и дополнувања од претходната книга, со назив ,,Исус македонецот – крал на кралевите – цар на царевите“. Четвртата книга е целосно подготвена, со назив: ,,Отварање на гробот на Александар во Македонија“ и набргу ќе излезе од печат.

Со какви ресурси располага вашето Кочани и источна Македонија?

Кочани!!! Самото име кажува многу, коч-овен, ан-почивало, во превод почивалото на овенот, а во Александрова астрологија тој е првиот и тринаесеттиот знак. Со него СЕ почнува и завршува. Во Кочани и неговата околина има и што да се види и сето тоа е поврзано со Пајонско-Македонската царска династија. Тука се престолнините на Пајонците односно Македонците бидејки тие се основен столб на македонците. Тука се наоѓа и долината на македонските и пајонските царски династии, како и кнежевствата, кои биле во Светиниколско пред да бидат префрлени во Кочанскиот и Виничкиот крај и да станат царство. Овде се и најголемите приородни богатсва, рудници на злато, сребро, жива, кварц и останато. Се на се, нашата источна Македонија е древна Миноја позната и како Еѓеја пред крстоносците да ја преместат онаму каде сите денес знаеме каде се наоѓа и тоа на штета на сите нас. Еѓеја е алатка за полирање на кристалите и самото име ни кажува што се може да има овде на ова тло.

Дали воопшто постојат гробници на нашите Филип и Александар, и зошто државата нема пронајдено ниту едно почивалиште на некој од македонските владетели?

Пирамида гробница на Филип постои и истата таа е тесно поврзана со грифонот. Според мене, Александар македонски нема гроб и овој мој став за прв пат го објавувам во моето десет годишно истражување, бидејки тој дошол жив во Македонија после патешествијата од Египет и земајки ги десетте божји заповеди од Богословец Светиниколско, оди во месноста Цоцев камен од каде жив се вивнува во небото. Гробот на Александар според мене е библиотеката и алхемиската работилница на Хермес Меркур кој што и самиот Александар ја вратил назад во Македонија. Истата таа библиотека е позната како САЛАТА НА ИСТОРИЈАТА, поради која се настанати сите војни, па и денешните на блискиот исток.

На основ на кој аргумент сметате дека ,,компетентните институции во државата“ немаат пронајдено ниту едно почивалиште? Јас го тврдам спротивното дека имаат пронајдено, но го немаат клучот како да го отворат почивалиштето, од причина што сите се во резервоари на жива вода.

Кое е вашето мнение за официјалните македонски археолози и историчари?

Немам коментар!!!
Тоа е јавна тајна кој што секој ја знае… За жал, ја знаат и стручните лица кои професионално се занимаваат со археологија, како и историчарите и педагошките работници кои знаат дека биле учени за време на своето школување со лажни аргументи и истите тие сега како наставници по историја, свесно ги учат и подучуваат своите ученици со извртената историја, која е создадена и негувана во нечиј прилог, но не и во прилог на македонскиот народ и Македонија како библиска земја – кој термин го употребуваме многу често, но дали го знаеме вистинското значење на тој употребен термин…. време е да се запрашаме КОИ СМЕ И ЗОШТО СЕ КРИЕ ТОА???

Сметате ли дека странски групации и структури сеуште работат за уништување на Македонија?

Доколку знаете дека Македонија не е слободна земја и дека ние македонците од смртта на Август Октавијан цели 2000 години живееме со катанец на умот и пранги на нозете, ќе сватите дека Македонија како и многу други држави се контролирани од британската олигархија која настанала од римскиот сенат. Доколку зборуваме конкретно за Македонија, би сакал да го кажам следново: Како сакате другите да не не уништуваат кога кај нас како прво не постои Македонска Православна Црква, туку Охридска Архиепископија, а од овој факт може да сватите што сакам да кажам… дека ниту една држава нема град црква, а немаме ниту стабилно име на држава, немаме грб…

Дали СХС, а подоцна ЈНА знаеле за подземните тунели, простории и градови во Македонија, и што се има случено со истите?

Александар Караџорџевич со сопругата Марија од кочанско, послем Рим, се најголемите уништувачи на македонското национално богатство. ЈНА продолжува со деструктивност кон Македонија и нејзиното непроценливо историско богатство, а ништо не е поразлично и денес. Ако знаете дека во Македонија постојат многу градови со пирамидални структури, ќе знаете дека постојат и подземни градови и дека истите тие се поврзани со тунели. Кога сите тие ќе бидат откриени, ќе знаеме што точно е уништено од СХС и ЈНА.

Која е тајната на водородот и оргоните, и каква е Александровата астрологија со која што работите?

Не би сакал да зборувам за водородот, од проста причина што многу мои ставови и идеи кои досега ги имам објавено, за жал се копирани и превземени во нечија друга сопственост. Затоа одлучив овој проект со водородот овој пат да го заржам во мене и кога ќе дојде вистинското време се надевам дека повторно ќе контактираме и ќе направиме интервју на посебна тема – водород, кога ќе ја објаснам и оваа за сега тајна тематика.

Во однос на орогоните, нема ништо ново… Тие се познати многу одамна или со други зборови таа енергија е откриена и истражувана многу одамна, а јас и мојата сопруга која е задолжена за нивна изработка, само ја спроведуваме таа енергија за добробит на луѓето. На кратко, ќе кажам нешто за оргонската енергија.
Оргон, Прана, Чи, Акаша, Барака, Биоплазма, Биодинамичен Етер, Брама, Диге, Мана, Мaниту, Флуороплазмична енергија, Тонди, Врил, Скаларна енергија, Телеплазма…или животна енергија, е нешто што отсекогаш било присутно во овој Универзум. Оргонските генератори создаваат силно вибрационо поле кое делува обновувачки и смирувачки. Оргонот е интелигентна енергија и со своето зрачење го поттикнува протокот низ чакрите и делува на ,,слабите“ места на нашата аура   (места каде се наоѓаат енергетски оштетувања и блокади). Ова искуство се продлабочува доколку свесно вниманието го насочиме на самиот уред. При тоа, можни се минливи сензации и отпуштање на негативната енергија и негативните емоции .
Доколку постои поголем интерес за актуелизираната тема оргони, нешто повеќе Вие и вашите читатели можете да прочитате на нашата страна на facebook https://www.facebook.com/pages/Оргони-Еремија-Orgoni-Eremija-Macedonija/238376136338150

плоча цвеќе
Александрова астрологија е астрологија во која се работи со 12 планети….За многумина можеби овој нов термин е чуден, но тоа е затоа што според нашиот став, постојат дванаесет планети (наместо усталениот став за постоење на десет планети). До овој заклучок и сознание дојдовме од причина што ако се навратиме наназад во историјата, можа да се забележи дека бројот 12 се повторува на многу места и во многу времиња. Пример за тоа се: 12 генерали на Александар, 12 апостоли на Исус, 12 месеци во годината, 12 часа во денот, 12 часа во ноќта, 12 астролошки знаци, 12 поделби на големиот космички круг и др. Како е можно да има 12 знаци, а 10 планети? Да, секако дека е можно, но за одредена група на луѓе, кои тенденциозно сакаат да манипулираат со луѓето, да им прават натални карти во кои има ниски вибрации и кои не му помагаат на човекот туку напротив само му влеваат страв и немир. Јас и мојот тим, работиме токму со таква Александрова астрологија, преку која даваме совети и насоки за животот на луѓето, за начинот како полесно да се препознаат самите себе, како да ги зголемат своите дарби и таленти и како да ги препознаат и намалат своите негативни работи кои ги поседуваат, со цел да си го подобрат животот и да се придвижат во насока која ќе го исполнува нивниот дух во позитивна смисла. И за оваа тема како и за орогоните има многу да се каже и да се сподели, но за да не им одземаме многу време на читателите, ќе ви дадам линк од нашата страна за астрологија каде секој во свое време може да прочита и научи нешто повеќе според интересот… https://www.facebook.com/pages/Astrologija-na-Karma/314138095264642

Со какви артефакти до сега се имате сретнато, и што тие значат за нашата Македонија?

Многу кратко… Пра почетокот… Создавањето… и те како се важни како за Македонија така и за целиот цвет. Што би се рекло во библијата ,,И би светлина!“

грифон

Што би ни кажале за значајните места во Кочанско и Овчеполието?

Претходно веќе ви одговорив на ова прашање. Аргумент за древна Егеја.

Освен за далечното минато, дали сеуште немаме јасен увид за активностите на апостолите на Организацијата од пред еден век, и што тие подготвувале за иднината на Македонија?

Идеологијата на апостолите од пред еден век била Царство Македонија и никогаш немале идеологија за енклава Влашка држава крушова. Се ни е наметнато од победниците на Хазбуршката династија на која и сметало Царство Македонија. Денес многу добро знеме кои се нејзините поклоници.

Колку е стара Македонија и што ја очекува во иднина?

Македонија??? Јас дојдов до 48 000 години. После перигрејот новиот рај ќе започне од Македонија на Земјата, а тој е многу многу блиску.

Што би порачале на читателите?

Би испратил порака, секој да размислува со својот ум, секој да биде конструктивен детектив, бидејки фалсификаторите добро го употребиле својот деструктивен ум сиве овие 2 000 год… но за жал во нивна полза….. на штета на нас македонците, на штета на нашата мила исконска, библиска земја Македонија….

Фан страна на авторот Владо Павлов на социјалната мрежа FB (клик)

Ви БлагоДарам за овозможената прилика и одвоеното време за да одговорите на моите прашања, и Ви посакувам успех во понатамошната работа.

Прашања – Никола Ристевски, ЛОЗА 2015