Saturday, 19 October 5602

Апстрактните илустрации на еден Македонец

Апстрактните илустрации на еден Македонец

Fallen Angel

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21  23

Зоран Карапанчев е роден во Скопје, а живее во Торонто 25 години. По струка е електроинжинер, но има работено и како новинар во Македонија од своите гимназиски денови. Соработувал со скоро сите македонски весници и магазини, а исто така и со повеќе од тогашната Југославија. Една година работел во тогашното Радио Скопје, кога добил и прва награда во Југославија на фестивалот во Охрид за продукција на програма за деца. За работата како новинар добил Благодарница за особен придонес во развојот на печатот за деца во Македонија. Со фотографија се занимава уште од средношколските денови, но поинтензивно од факултетските години кога станал и член на Фото Клубот “Елема”. Во Канада отворил свој бизнис за фото и видео продукција и со тоа се занимаваа до денешни денови. За таа своја работа има добиено интернационална награда “Excellence in Creativity”, а негови фотографии се објавувани во повеќе магазини како едиторијали и на насловни страни. Со ликовната уметност се занимава уште од најмали години, но во последно време особено е окупиран со апстракното креирање во кое наместо четка и бои користи компјутер и софтвери. Во оваа работа особено му помага искуството со повеќегодишното дигитално обработување на фотографиите. Неговите апстрактни дела не се потполно апстрактни, како што можеби некои се навикнати да гледаат, но имаат повеќе или помалу допирни точки со реалноста и на еден мистичен начин го прикажуваат светот во симболика и естетика која е многу тешко или невозможно да се постигне само со фотографирање.

4 in 1 A Portrait of Devotee Alien Anatomy all seeing eye An Alien Encounter Angel Being Gaudi Bicyclist Broken Kaleidoscope Broken Wing Butterfly Caterpillar Cell connections chorophyl world Christmas Pinecone Ornament Close Encounter Cocoon Deep Ocean Fish Eagle's Nest Eggggs Perspective Embryo Eye to Eye Fairies Dance Fantastic Celebration Fantastic World fishing for souls Flower Fusion Galaxy gatekeeper Giving Birth to Itself Green Ocean heavenly cloud Hurricane Icon In the Heart of the Rainbow in the name of the rose In the Spider Web Interstellar Planet Lavender Blooms Lycaena Simplex Magic Parrot Mixed Geometry Multidimensional Spiral Multiverse Multycolored World Mystic Butterfly Orbiting Order out of Chaos Paradise Flower pharaoh's portrait Ribbons of Love Ring of Fire Rooster crowing Screamer Seahorse Rodeo Seeing into the Future Shattered World Sitting Bull Portrait Speed of Light Star of David Starfish Stargate target The All Seeing Eye The Wheel of Time The World of Subatomic Particles UFO wedding bouqet Wormhole Wormhole entrance Wreath

 

Сликите и кратката биографија се превземени со дозвола на авторот.