Monday, 20 November 2017

Богомилските востанија

Богомили – Средниот Век во Македонија (4 дел. Богомилските востанија)

Револтот поттикнат од Богомилите го достигна својот врв во втората половина на 10 век, со бунтот на Комитопулите (969-971), коj го обележа воздигнувањето на втората Mакедонска Империја, по онаа на Александар Велики некои 1300 години пред тоа. Тврдењето дека Богомилството поседувало и јасни белези на ослободително движење е поддржано од фактот дека комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на комитот[1] Никола, го прифатија нивното учење и започнаа бунт во 969 за ослободување на Македонија од странска окупација и создавање на второтo Македонско Царство.

По победата на Комитопулите и повторното воспоставување на Македонска независност, Богомилите престанаа да бидат напаѓани од горниот дом на Македонските феудални моќници – царот, царските претставници и црковниот клер, и беа во сојуз со нив, иако државата на Самоил беше истотака феудална како и пред тоа. Постои едноставно објаснување за симпатиите на Царот Самоил кон Богомилите – нивното масовно учество во неговата побуна. Богомилите биле единственото организирано и најмасовно движење во Македонија, со јасна патриотско-македонска ориентација. Интересно е дека побуната на Македонците избувна во регионот каде што Богомилството беше најсилно, на територијата сместена во триаголникот помеѓу реката Вардар, Охридското Езеро и Шар Планина.

Богомилите изведуваа вистински патриотски дела и ја дадоа својата безрезервна помош на Цар Самоил, кога тој и неговите браќа го започнаа бунтот против окупаторот – Бугарите и Ромеите од Константинополитаната Нов Рим. За време на четириесет години на неговото владеење во Македонија, тој го интегрира Богомилското движење во реформираната Македонска Црква, со седиште во Охрид и Преспа, и им дозволи да живеат слободно во неговата империја што се протегала од Јадранско до Црно Море и од Тесалија до Дунав. Моќта на неговата Македонска Држава во голема мера се должела токму на поддршката од Богомилите. Згора на тоа, Богомилското движење во Македонија имаше јасен анти-бугарски и анти-ромејски карактер. Но, нивното прифаќање исто така беше и една од причините зошто неговото царство беше конечно поразено – Ромејската Источна и Западната Римска црква направија сé што можеа за да се скрши неговата држава која го официјализираше Богомилството. Мерките што се преземени од страна на Ромеите и нивните нови сојузници Бугари против ова “зло” биле крајно жестоки, и на крај резултираа со конечен пораз на Самоиловото Царство во 1018 година.

Патриотската улога на Македонските Богомили продолжи дури и по падот на државата на Цар Самоил, која повторно беше окупирана од страна на источното Ромејско царство. Богомилското движење било особено силно од 12-от до 13-от век, кога тоа се рашири во многу земји низ Европа. Дефинитивно е познато дека еден бабун на Богомилите, Насаpија, во 12-от век ја однесе тајната книга на Богомилите дури до Ломбардија, и им ја предаде на тамошните следбеници.

(продолжува)

 

[1] Латински термин, изваден од воениот ранг ‘Другарој‘ (лат. Drouggarios, капетан); управник во Ромејското Царство, од Латински за ‘другар‘ – comes.