Friday, 26 September 6645

100 илјади поети за промена по петти пат во Македонија

Дали сакате да се приклучите на многу други поети, музичари, пантомимичари, танчери, фотографи, уметници од целиот свет во демонстрациите / прославата на поезијата која има за цел да промовира сериозни социјални, еколошки и политички промени?
„100 Thousand Poets for Change” – 100 илјади поети за промена е манифестација која е збир на  стотици индивидуални настани кои се случуваат истовремено секоја година во многу градови ширум светот.

100tpco13

https://100tpc.wordpress.com/

Најпрво зборуваме за промената која е важна за поетите, писателите, уметниците, за сите кои всушност сакаат да создаваат заедно, да се едуцираат и да покажат, истовремено, на другите заедници од целиот свет едно збратимување, обединување, за една силна кауза која треба да биде тема се почесто. Ова ќе го промени начинот како ние ја перцепираме нашата локална заедница, но и глобалната заедница. Сите ние постепено стануваме отуѓени едни од други, се оддалечуваме во последниве неколку години, забораваме на она што не прави луѓе, на она што не поврзува. Ги забораваме нашите соседи, а се поретко се информираме што креираат нашите сојузници кои живеат и создаваат во други земји. Ние треба да го зајакнеме ова чувство на глобална солидарност. Тоа ќе ни помогне да бидеме похумани и пореализирани!
Се разбира, тука се и политичките / општествени промени за кои многумина од нас зборуваат денови. Има проблеми во светот. Војни, геноциди, екоциди, недостатокот од медицинска нега, расизам, листата можеме да ја продолжиме до бескрај.
Оваа желба за позитивна трансформацијата и градење на поодржлив свет е носечки елемент на овој настан, големата загриженост е глобален водечки принцип за овој настан. Мирот, исто така, но не оној мир кој ни е познат теоретски,оној за кој сонуваме, туку оној за кој ние се трудиме да го создадеме. Војната не е убава. Убивањето, омразата, непочитувањето. Постои огромна потреба кај луѓето да се движиме напред како цивилизација, да престанеме да се движиме наназад. Но, овој настан се обидува целата оваа тема да не е поставена догматски. Оваа манифестација ја има надежта дека сите заедно можеме да ги развиваме нашите идеи за “промена / трансформација” и ние сме во потрага за подобри решенија како група, додека секоја заедница/ група одлучува за својата специфична област на фокус и за нивниот конкретен настан.
Ваков тип на настани се случуваат насекаде низ Балканот, како Србија, Хрватска, Бугарија, вклучувајќи ја и Македонија.

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 15 септември 2015 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, која ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.

Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на интернетскиот портал на „100 Илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе петта година го ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во Република Македонија.

11352195_830860986997634_78403404_n

КОНКУРС ЗА ПОСТЕР за манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот, а истите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот… веќе се разбираме, така?

Дизајнерските решенија може да се испраќаат на poetizapromena@gmail.com или на Facebook профилот на оваа манифестација најдоцна до 20 септември 2015 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата која е дел од манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на 26 септември 2015 година во Струмица.