Наследството на Богомилите

 

Богомили – Средниот Век во Македонија (7 делНаследството на богомилите)

 

Богомилската доктрина во изминатите вековите предизвика верижна појава на многу други анти-црковни и социјални општествени движења. Босанските Патарени, Хрватските Глаголски Бенедиктанци, Француските Катари, Албигенсите, и т.н. се само некои од средновековните духовни школи кои беа иницирани од Богомилството. Тие и го одземаа апсолутниот монопол што црквата го имаше врз животите и душите на нејзините послушни следбеници, коja таа ги злоупотребуваше само за да остане на власт. Сите овие анти-црковни и социјални движења подоцна резултираа во Протестантската Реформа од 16 век – верска, политичка, интелектуална и културна промена која ја подели Католичка Европа, поставувајќи нови структури и верувања кои ќе го дефинираат Европскиот континент во модерната ера.

Бидејќи не признавале никаква предодредена хиерархија, би можело да се каже дека богомилите биле првите комунисти, односно, првите анархисти. Според богомилите, хармоничен соживот и општа благосостојба може да се достигнат во овоземскиот живот, cо праведна општествена организација. Тие се залагале за активизам и не ја признавале ниту тогашната световна власт, која според нив не се засновала на праведни принципи и не подразбирала еднаквост за сите, а тоа се коси со учењето на Исус.

 

Богомилите учеле на толеранција, разбирање и еднаквост на сите луѓе. Најголемата доблест што човек може да ја поседува според богомилите била трпението. Тоа подразбира мирен дух, отпорност на искушенија и одмереност. Богомилското влијание во европската хуманистичка преродба е несомнено и представува едно од најзначајните социјално-реформаторски движења во историјата. Тие први го воздигнале човекот до ниво на нешто свето врз кое треба да се сконцентрира сета духовна и креативна енергија.

Денеска живееме во општества кои со закони ги гарантираат нашите лични слободи, ја подразбираат еднаквоста на сите граѓани, постои световен суд, не е дозволена полна, расна или било каква друга дискриминација и уште ред други нешта. Тоа е несомнено во голема мерка заслуга на Богомилите и нивната несебична и огрoмна човечка жртва за подобрa и похумана иднина. Фактот што едно такво движење се родило токму во Македонија и оттука го раширило добриот збор низ Европа треба да ни претставува гордост, но и потсетување за тоа колку овие придобивки се свети и колку треба со внимателност да ги чуваме и да ги негуваме.

 

Leave a Reply