Thursday, 21 September 2017

Богомилите од Македонија

Богомили – Средниот Век во Македонија (1 дел)

Во петтиот век од нашава ера (н.е.) Западното Римско Царство пропадна и беше опустошено од варварските племиња. Она што следуваше потоа беше новиот феудален поредок, и – Папската Држава, нова религиозна институција којa ја искористи празнината создадена со уништувањето на Рим и нејзините императори. Црквата cи ја присвои претходната власт на Римскиот Цезар (Цар), кој во старата империја бил нарекуван „Понтифекс Максимус“, и ја измеша со авторитетот и вербата во Христос. Си воведоа и наслов „Vicarius Kristi“ (Викар на Кристос), со значење: “Заменик на Кристос,” и така сами си дадоа за право, како “Кристосови Заменици на Земјата“, навидум устоличени од самиот Бог, да имаат неограничена моќ над своите верници. Преку папството, тврдењата за духовната власт над рајот и пеколот беа изедначени со нивната овоземна власт како врховна владејачка институција која крунисува и свргнува владетели, има неограничена власт врз верниците, и која стана и судија и извршител над угнетените народни маси.

Слична беше состојбата и во источниот Ромејски дел, со неговата света столица во Константинополитаната („Градот на Константин“) „Нов Рим,“ каде што црквата истотака стана семоќен извршен орган на моќта на владетелот. Единствената разлика тука беше таа што „Понтифекс Максимус“ остана Царот, и за разлика од новото Свето Римско Царство на запад тој остана главен носител и представник на авторитетот и верата на Кристос. Покрај тоа Ромејските цареви полагаа право на наслчедство преку непрекината низа на династии уште од старата Римска империја, и како во старите времиња на доцната антика – Ромејскиот Император беше и Папа и Светиот Цар, врховен владетел со својства на духовна моќ над рајот и пеколот, со неприкосновена и неограничена овоземна моќ. Црквата беше само втора по ранг и во служба на царот, со залог на верност и со цел да гарантира послушност на угнетените народни маси.

Исток или запад, со Ромејски Цар или Римски Папа, црквата ефикасно ги замолчуваше и ликвидираше сите оние кои имаа трошка здрав разум за да се спротивстават на нејзините корумпирани нехумани доктрини и прљави практики, и стана неприкосновена и ексклузивна верска институција во средниот век. Заедно со локалнте феудални владетели тие се окомија врз нивниот беспомошен плен во безмилосна експлоатација на човечкото страдање и несреќа. Перверзијата на верата што следеше беше само резултат на општата отуѓеност на кристијанската црква од човечкото суштество. Прогресивните и учени луѓе кои се побунија против ова деспотско однесување на феудалните владетели и високата верска инстанца, која дури навлезе и во политичката сфера, беа сите прогласувани за „еретици“. Се разбира, имаше и еретици кои се занимаваа исклучиво со внатрешните догми на кристијанството, како на пример Аријанството. Но, оваа ерес, на Александрискиот свештеник Ариј (лат. Arius – 250-336 н.е.), се однесуваше само на прашањето на божественоста на Кристос, без оглед на условите на животот на верниците. Сепак, други ереси застанаа во одбрана на обичните граѓани и селани, кои станаа беспомошни жртви на феудалните владетели и кристијанската црква. Пред сè, тие се организираа во верски движења, затоа што во суштина религијата беше единствениот масовен медиум практикуван од страна на сите луѓе во тие времиња. Во нивниот очаен напор да издржат под теророт на свештеничките тирани и угнетувачи тие во целина беа верски-обликувани движења.

Но, пред да се појават сите други „еретици“ во Европа, првото масовно движење кое директно се спротивставило на црквата како врховен авторитет во религијата се роди во Македонија кон средината на 10 век – Богомилството. Богомилството начелно било дуалистичко движење кое се рашири многу брзо низ Македонија, целиот Балкан и понатаму во Европа. Во обид да ја насочат својата нова вера што подалеку од грешните постапки на црквата, Богомилите создадоа сопствена верска доктрина, верувања и обичаи, кои немаа никакви специјални институции и свештеници, ниту сложена хиерархија. Наместо тоа, тие избираа духовни водачи меѓу себе. Богомилите ги отфрлија сите материјални аспекти на црковната служба (како на пример, црковните објекти), крштевки, икони, богатството. Молитвите, пеењето божји химни и тајните церемонии не биле дел од јавна богослужба или институција. Богомилите молитвите ги третираа како приватна работа која треба да се практикува во приватни куќи и домови. Богомилите го отфрлија монаштвото, и беа иконокласти. И конечно, Богомилите верувале дека Бог (а не Исус) ќе ја изврши конечната пресуда.

Но, поради нивниот бунт кој директно ги загрози богатството, луксузот и силата на нивните угнетувачи, тие станаа примарна цел на тираните и беа постојано прогонувани и осудени на смрт од страна на кристијанската црква и владеачките монархии и деспоти. Прогонот на Богомилите започнал уште на самиот почеток на нивното делување, од страна на Ромејските авторитети, а достигнал кулминација со Четвртата Крстоносна Војна, насочена против еретиците во Јужна Франција. Вековниот прогон што се одвиваше во овој мрачен период кулминираше во западна Европа со создавањето на ‘Инквизицијата‘, специјален суд со единствена цел да ги елиминира и казни следбениците на прогресивни и хуманистички учења, кои се сметаа опасни за моќта на црквата. Гонети како диви ѕверки и подеднакво проколнати од двете – Источната-Правоверна и Западната-Католичка црква, Богомилите биле во постојана неизвесност и опасност од своите крвници.

(продолжува)