Monday, 21 August 2017

НаУм, НадУм, БезСмрт

Свети НаУм и НадУм

ме држат во лебдеење

ѕвездено и незасамуилено

и во крлетка на беспомош.

Се охридува бело и сино

цел свет поднебесен

и срце – житие пространо,

а ни Радета ни Точка

не ги сретнувам повеќе

во овој град БезСмрт.

Во иконата на езерото

и во дното на болот

сум заклиментен.

Се затихоокеанувам неверно

само в бекство вознесенско

од своја Света Софија.

Без Радета и Точка

 

Наум свет

в ПодУм го собирам.

Врз основа на (дотогаш) познатите сознанија за свети Наум, Лазо Каровски во 1971 година ја објави романизираната биогра­фија Naum Ohridski. Таа е најцелосно, најобемно уметничко дело за свети Наум.

Ако во уметничката литература свети Наум е во сенка на свети Климент, во усното народно творештво тој е на прво ме­сто. Ако свети Климент го освои умот, свети Наум го плени на­родниот дух како никој друг светител во Македонија.